05:28 - 10 јануари, 2026

Дино Мерлин со емотивна порака се прости од Халид Бешлиќ: „Тивко ти ја пеев нашата песна, како да се насмевна…“

Балканот тагува по загубата на легендарниот пејач Халид Бешлиќ, а од него со емотивни зборови се прости и неговиот долгогодишен пријател и колега Дино Мерлин.

Со потресна порака на социјалните мрежи, Мерлин се присети на нивната последна средба и ја опиша тагата што ја чувствува.

„Големиот, неповторлив Халид Бешлиќ. Топла босанска душа. Без задни мисли, без корист за себе. Успеав да се простам. Дождлива, октомвриска сараевска ноќ. Му ја испеав тивко нашата песна. Како да се насмевна во мигот. Бели, чисти папучи. Долго ги гледав и мислев: ‘Патувај, бела птицо, имаш со што пред Господа’. Те сакам многу. Твој Дино“, напиша Мерлин.

Фото: Инстаграм/Дино Мерлин

Двајцата пејачи ги поврзуваше децениско пријателство и искрена почит, а нивната последна соработка беше песната „Годино врела“, објавена оваа пролет на албумот Mi на Дино Мерлин.

Во едно од своите интервјуа, Бешлиќ зборуваше за оваа песна со скромност и искреност што го красеа целиот живот.

„Мислам дека е добра песна, а народот, кој е најважен, ќе го каже последниот збор. Кога дојдов во студиото, ја отпеав од прва. Потоа не смеев ниту да ја потпевнувам пред луѓе, за да не ја откријам тајната. Со таа песна се борев неколку години“, раскажа тогаш Бешлиќ.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....