10.8 C
Скопје
16:43 - 18 март, 2026

Џенифер Лопез под туш: „Убавината нема рок на траење“

Instagram

Откако однесе дома една од најважните награди на овогодинешните „People’s Choice Awards“, во категоријата Икона на годината, латино дивата им откри на своите 133 милиони следбеници на Инстаграм дека наскоро на пазарот ќе излезе нејзината козметичка линија.

Минатиот викенд, латино дивата го објави својот нов деловен проект, нова линија за убавина која ќе се појави на пазарот на 1 јануари, но најсреќните, кои се најавуваат со предрегистрација на страната каде ќе биде пласирана козметиката, ќе имаат можност да ја купат ексклузивно од 8 Декември.

Како најава за нејзиниот нов проект посветен на  козметичката линија, 51-годишната Џенифер Лопез сними и секси видео под туш, облечена само во кафеав едноделен костим за капење со длабоко деколте, кое не можеше, а да не остане незабележано.

И додека Џеј Ло беше под тушот, во позадина се слушаше нејзиниот глас кој, меѓу другото, вели: „Убавината нема рок на траење“, а со тоа всушност алудира на тоа дека самата изгледа совршено иако има над 50 години. „Ова не е само проект роден во страст, ова е остварување на триесетгодишен сон и едвај чекам да ги споделам моите тајни за нега на лицето со вас. Дали сте подготвени за тој сјај? “

Слични објави

Разводот скапо ја чини: Откриени детали од милионската спогодба на Џесика Алба со бившиот сопруг

Еспресо

Даниел Кајмакоски ги познава своите киднапери! Се огласи адвокатот на пејачот

Еспресо

(Видео) Си ги искажуваат фрустрациите: Андријана Петрушовска искрено за „хејтерите“

Еспресо

Весна Змијанац има милиони во недвижнини: Пејачката откри дел од богатството, а сè им останува на Николија и нејзините внуци

Еспресо

Татко на две ќерки и син и уште една посвоена: Бојана го покажа сопругот во домашно издание

Еспресо

Што се крие зад смртта на турската модна инфлуенсерка? Семејството се сомнева во официјалната верзија на истрагата

Еспресо
Се вчитува....