06:41 - 18 ноември, 2026

Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето Давид — семејна прослава покрај Охридското Езеро

Македонскиот ракометар Дејан Манасков и неговата сопруга Билјана Стојановска имаа посебен повод за семејна прослава – крштевката на нивниот син Давид.

За овој значаен ден тие го избраа селото Калишта, на брегот на Охридското Езеро, каде што заедно со најблиските го одбележаа крштевањето на своето синче.

Instagram

Прослава во Калишта

Билјана, која е маркетинг директорка во телевизија Канал 5, сподели неколку фотографии од крштевката на социјалните мрежи. На нив семејството позира покрај езерото, а за свечената пригода избраа комбинации во светли тонови.

„Кога нешто ќе си посакаш…

…на најубавото наше езеро, во омиленото наше с. Калишта“, напиша таа покрај фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

Кумови на малиот Давид беа ракометарот Гоце Ојлески и неговата сопруга Елена, кои исто така се дел од фотографиите од семејната прослава.

Година исполнета со убави моменти

Оваа година донесе големи промени во животот на Дејан и Билјана. Двојката стапи во брак на 31 јануари во Скопје, а набргу по свадбата го добија синот Давид.

Сега, неколку месеци подоцна, семејството одбележа уште еден важен момент, овојпат покрај Охридското Езеро и во друштво на своите најблиски.

Слични објави

Семејна прошетка – Дарко Лазиќ со сопругата и ќерката отиде во едно од најголемите свети места во Србија

Еспресо

Саша Ковачевиќ му го даде на синот своето вистинско име: малкумина знаат како навистина се вика пејачот

Еспресо

Николија Јовановиќ за почетоците со Реља Поповиќ: „Не можеше да се воздржи да заврши песната“

E.A.

Тања Савиќ искрено проговори за борбата за потомство со Муки: „Би посвоиле дете“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ на семејната слава кај Жељко Митровиќ: Ја покажа раскошната декорација, а друштво ѝ правеше и ќерката Леа

Еспресо

(Видео) Песната ја вратила од годините на молк по смртта на синот – Кратово со концерт ќе се сеќава на Вања Лазарова

Еспресо
Се вчитува....