6.8 C
Скопје
06:09 - 31 март, 2026

Дамиано од „Манескин“ го пцуеше Путин на концертот во Рим

Пејачот на италијанскиот бенд Манескин, Дамиано Давид, на вчерашниот концерт во Рим во еден момент ги опцул Путин и војната.

За време на настапот на 9 јули, изведувајќи ја песната „Gasoline“, фронтменот на групата испрати три пораки до рускиот претседател Путин, а на ист начин и до сите кои не се согласуваат со неговите ставови.

„По ѓаволите со Путин!“, извикал Дамиано, обраќајќи им се на оние кои можеби нема да го делат неговото мислење.

„Е.и ја војната! Одете си сите што сте против тоа што го кажав“, и се обратил Дамиано на толпата.

Се чини дека многумина од публиката биле со исто мислење и овие пораки ги поздравиле со овации и аплаузи.

Меѓутоа, на социјалните мрежи ги прозваа членовите на бендот дека не го користат својот глас за да ги истакнат страдањата на другите, како оние во Палестина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

Да потсетиме, песната „Gasoline“ бендот ја објави на почетокот на април. Во спотот за оваа композиција, музичарите покажаа снимки од војната во Украина.
Видеото ги прикажува злосторствата извршени од руските окупатори врз Украинците: уништување и гранатирање на градови и убивање цивили. По тој повод уметниците повикаа и на помошза украинските бегалци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....