12:50 - 3 јуни, 2026

„Дали си веруваш во лагите?“: Канје Вест остро ѝ одговори на поранешната асистентка, која го тужи за сексуален напад

Контроверзниот американски рапер Канjе Вест се огласи по сериозните обвинувања што ги изнесе неговата поранешна асистентка, Лорен Пишиота, во ревидираната тужба поднесена против него. Таа го обвини за сексуален напад и вознемирување.

„Ревидираната тужба на Лорен Пишота е четврта верзија што ја поднесува. Секоја следна си противречи со претходната, сè е поапсурдна и почудна. Дали самата верува во своите измислици, не знаеме. Но, ова ново продолжение на фантастична фикција ги дискредитира сите нејзини минати, сегашни и идни тврдења“, изјави портпаролот на Вест, Милo Јанополос, за „Пејџ сикс“.

Тој додаде дека „судот не е место за попуштање на заблуди и ментални нарушувања“.

„Подготвени сме да ги уништиме лагите на госпоѓицата Пишота пред порота – ослободувањето е толку неизбежно што дури и таа, загубена во маглата на својата фантазија, сигурно го предвидува“, истакна Јанополос.

Во својата тужба, Лорен наведува: „Ме повика во соба под изговор дека сака да зборуваме за албумот. Веднаш легна на креветот и почна насилно да ме допира…“

Јанополос го бранеше Вест велејќи дека Пишиота „го избра единствениот рапер што презира насилство, никогаш не бил уапсен и дури не поседува пиштол“.

„Изнудач со амбиции како нејзините требало попаметно да избере жртва“, додаде тој.

По оваа изјава, за „Дејли мејл“ се огласи адвокатката на Пишота, Лиза Блум: „Додека портпаролот на Канје Вест измислува вешто скоцкан (и крајно лажен и клеветнички) напад на госпоѓица Пишиота, самиот Канје јавно призна многу од она што таа го тврди. Тишината за неговите признанија ќе го уништи на суд. Со нетрпение го очекуваме таму, каде што нема да може да се сокрие зад својот тим“.

Пишиота ја измени својата првична тужба од јуни 2024 година и откри нови детали за инцидент што, според неа, се случил за време на патување во Сан Франциско. Таму, наводно, била сексуално нападната, вклучително и со орален напад во хотелска соба.

Понатаму тврди дека Вест нудел жени како „сексуални подароци“ на други мажи, а и самата била понудена. Според тужбата, тој ја изложувал на непристојни коментари за нејзиното тело, ја терал да носи тесна облека, ја допирал, ја присилувал да гледа негови сексуални односи со други жени, ѝ праќал експлицитни фотографии и барал исто и од неа, а исто така ѝ предлагал да му се приклучи во сексуалните активности, што таа го одбивала.

Во тужбата се наведува и дека, по нејзиното отпуштање, Вест се преселил во истата зграда каде што живеела и Пишиота, и често минувал покрај нејзиниот стан. Поради тоа, таа била приморана да се исели.

Слични објави

Јована Пајиќ искрено за пријателството со Марија Шерифовиќ и шпекулациите за купување куќа на Бали

apostolova

Семејните искушенија на Синан Сакиќ — од тешките моменти во детството до комплицираните односи меѓу децата

Е.А.

(Фото) Елена Најдоски ужива во Италија со сопругот: Романтика во Пуља, пловидба со јахта и вечера со Мишелин ѕвезда

Еспресо

„Остана само сенка од старата таа…“: Мина Костиќ е целосно скршена, им открила шокантни детали на другите пациенти

Еспресо

Дара Бубамара за караницата Јелена Карлеуша: „Беше добар шоубизнис, но никогаш немаше зла крв“

Е.А.

Сања Николиќ застана зад Слаткар по одлуката да се откаже од средствата за филмот: „Приказната зад камерите е поинаква“

Еспресо
Се вчитува....