8.8 C
Скопје
10:20 - 31 март, 2026

Дадо Топиќ за Слаѓана Милошевиќ: Многу ја сакав, ќе ми недостасува

Хрватскиот музичар Дадо Топиќ (74) се огласи по смртта на неговата драга колешка Слаѓана Милошевиќ, со која ја изведе една од најубавите балади на регионалната музичка сцена – „Принцеза“ (1984).

„Иако знаевме дека не ѝ е добро во последно време, јас бев шокиран кога слушнав за смртта на Слаѓана. Ние често контактиравме и разменувавме мисли и идеи. Наскоро требаше да имаме заеднички настап во Загреб. Јас имам прекрасни спомени со неа. Таа беше добра пријателка, отсекогаш знаеше добро да размислува и да дава добри совети. Мило ми е што бевме поврзани цел живот. Ќе ми недостига чувството дека таа сѐ уште е тука и дека можам да ѝ се јавам во секое време. Многу ја сакав, таа беше прекрасна личност“, изјави Топиќ за „Данас“.

Да потсетиме, српската авангардна уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ почина денеска на 68-годишна возраст.

Слични објави

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....