Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ на концертот во Јагодина се појавила во урбано издание кое вреди вистинско богатство.
На инстаграм-страницата која го следи стајлинзите на Цеца и цените на парчињата што ги носи, се појавија цените на нејзиниот аутфит.
За оваа пригода, Цеца Ражнатовиќ избрала комплет од престижниот бренд „Шанел“, за кој потрошила 8.000 евра, додека стајлингот го комплетирала со ефектни обетки од 135 евра. На нозете носела модерни сандали, чија цена достигнува 650 евра, со што ја заокружила оваа луксузна модна приказна.
Кога сè ќе се собере, пејачката потрошила околу 8.785 евра за стајлингот на настапот, докажувајќи уште еднаш дека не штеди кога е во прашање нејзиниот изглед на сцената.
View this post on Instagram
Нејзината комбинација од тексас со светкави детали ја истакнала нејзината фигура и ги привлекла сите погледи, додека обожавателите со воодушевување коментирале дека изгледа подобро од кога било.
Цеца Ражнатовиќ е некој што се грижи за својот изглед, а во една прилика го открила и својот план на исхрана.
– Никогаш не сум имала проблем со килограмите, бидејќи генетиката ми е одлична. Меѓутоа, пред некое време почнав да се здебелувам. Се соочив со себе и си реков дека сакам, пред сè, да живеам поздраво! Посетив одлична нутриционистка, која ја познавам со години преку заеднички пријатели. Таа постојано ми велеше: „Дојди, Цеки, за да можам малку да ти ја коригирам исхраната“, а јас секогаш наоѓав изговори дека тоа не ми треба. Бев убедена дека се хранам здраво, а со сето тоа, го постев секој пост – открила Цеца.
– На крајот, сфатив дека сакам промена, ѝ се јавив и заедно направивме план според кој се хранам. Бидејќи обожавам месо и салата, мојата исхрана се базира на тоа. Првата недела ми беше најтешка бидејќи е многу важно во кое време јадам. Не ми беше лесно да го усогласам времето на оброците со моите работни обврски. Помеѓу оброците мора да поминат барем три или четири часа . Но, потоа сè од полека. Се навикнав на тој режим на исхрана и сега не знам поинаку – објаснува Цеца.
– Кога ми се јаде нешто благо, го јадам, но според рецептот на нутриционистката. Верувале или не, постои рецепт за здрав овошен пудинг. Исто така е важно да бидете умерени во сè. И ако изедете нешто што не треба, важно е да се вратите на вашиот режим утре, а не да велите: „Од понеделник“.
