18:07 - 8 април, 2026

Цеца си инјектира матични клетки од лосос! Пејачката користи различни методи за да го успори стареењето

Цеца Ражнатовиќ неодамна објави видео од козметички салон, каде што беше на третман за лице, а многумина забележаа дека на лицето нема ни грам шминка.

Мајката на Анастасија Ражнатовиќ се снимила непосредно пред почетокот на третманот и го покажа своето природно лице, по што следеле различни коментари.

– Работиме третман со матични клетки од лосос – изјави Цеца, нагласувајќи дека ова ѝ е веќе третпат како ја користи оваа процедура.

Фото: Скриншот

Цеца неодамна го прослави својот 52. роденден, а многумина се изненадија од нејзините години, бидејќи полека, но сигурно влегува во шестата деценија од животот.

Пејачката отворено зборуваше за тоа како успева да ја одржи својата линија и младешкиот изглед.

– Својата линија ја доведов до совршенство, но без строги диети, без модерни инјекции и лекови како оземпик, кој стана популарен, но е навистина ризичен и штетен, особено за тироидната жлезда и панкреасот. Тоа се лекови наменети за дијабетичари и не треба да се користат без потреба. Јас едноставно одлучив дека по седум навечер не внесувам ништо освен вода. Понекогаш пијам и по едно пиво, иако ме прашуваат како тоа – пивото дебелее. Јас велам: „Мене не, мене пивото ме сака.“ И навистина, успеав да симнам 8,5 килограми за еден месец, без ниеднаш да се чувствувам гладна. Јадев сè што посакав, но најдоцна до половина осум. Потоа – ништо. Тоа ми се покажа како многу ефикасно, слично на аутофагија. Се будам околу осум, половина девет, појадувам и го активирам метаболизмот. Се трудам да тренирам, а кога не успевам, правам брзо одење на лента. Ако не се движиш – нема шанси да го забрзаш метаболизмот – изјави таа.

Слични објави

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо
Се вчитува....