00:32 - 6 април, 2026

Бритни Спирс призна дека си ја запалила салата за вежбање

Американската поп ѕвезда Бритни Спирс е позната по своите јавни скандали, а сега ги запрепасти следбениците на Инстаграм со признанието дека ја запалила теретаната.

Бритни објави видео и објасни како се случил несреќниот случај, односно како ја запалила теретаната во која поминувала и по неколку часа дневно.

„Беше несреќа, но да, јас ја запалив теретаната“, со овие зборови Бритни го започна своето обраќање.

Потоа откри дека за среќа никој не бил поврден, но и дека штетата е голема и дека од сите справи во салата само две се во функција.

„Поминав покрај вратата на теретаната и видов пламен. Со Божја милост, алармот брзо се огласи и никој не е повреден. За жал, сега ми останаа само две функционални справи и еднострано огледало“, раскажува Бритни.

Бројните фанови веднаш и пружија поддршка преку пораките и утешните коментари.

„Важно никој не е поврден“, „Немој да се нервираш, на секого може да му се случи ваква незгода“, се некои од коментарите.

Сепак, има и такви кои не поверуваа во нејзината приказна, бидејќи, како што тврдат, Бритни е премногу „ладна“ додека го раскажува тоа што се случило.

Што мислите вие?

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....