16.8 C
Скопје
15:47 - 3 мај, 2024

Бритни Спирс ги критикуваше синовите што одбиле да ја видат: „Груби се, но има и омраза“

Бритни Спирс повторно реагираше на интервјуто на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн, во кое тој рече дека нивните заеднички синови, 16-годишниот Шон Престон и 15-годишниот Џејден Џејмс, во моментов не сакаат да ја видат својата мајка. 

„Тешко ми е да се откажам од работите што навистина ги сакам… како моите деца, напиша Бритни.

Во исто време, таа дополнително ги критикуваше своите деца -тинејџери и нивниот татко во долга објава на Инстаграм (објавата подоцна беше избришана, но западните медиуми успеаја да направат „принтскрин“). Пејачката истакна дека „ситуацијата требало да се реши приватно, а дефинитивно не преку интернет“.

„Знам дека е тешко да се справиш со тинејџерите на оваа возраст, но види, има грубост и има омраза. Дојдоа кај мене, отидоа директно во нивната соба и ја заклучија вратата! Може да се каже дека тие едноставно сакаат да бидат во нивната соба, но тогаш зошто доаѓаат кај мене, дали така се посетува? Но, никогаш не го кажав тоа затоа што морав да бидам љубезна“.

Пејачката открила и колку е фрустрирачко за нејзините деца што се толку далеку од неа, а потоа се запрашала дали ги оттурнала додека се обидувала да изгради врска со нив.

„Толку ме боли и сакам да вреснам! Сакам да ги истресам за рамениците и да кажам: „Разбудете се, и јас сум тука!“ Адолесценцијата е чудна, не знам што им се случува во главите. Но, се обидов и пробав, можеби затоа престанаа да доаѓаат овде. Толку многу сакав да ме сакаат што можеби сум претерала“, напиша Бритни.

Принтскрин од објавата која потоа ја избриша

Спирс, исто така, откри дека му се јавила на Федерлајн откако момчињата ѝ рекле дека ќе ја посетуваат поретко и ја споделила нејзината загриженост за ова, истакнувајќи дека нејзините синови биле прилично тврдоглави.

Неговите зборови беа: „Никогаш не би им дозволил да ја донесат таа одлука сами. Никогаш не би ти го направил тоа“. Но, од тогаш ги немам видено“, сподели таа.

На крајот од објавата, Бритни призна дека е скршена што Кевин јавно проговорил за нејзиниот однос со синовите и за одлуката на нејзините синови да престанат да ја посетуваат.

„Ова го велам затоа што моето срце не ја разбира суровоста. Ми се скрши срцето затоа што ми се чини дека суровоста навистина победува овие денови, иако не се работи за победа или губење. Но, не можам да разберам како им посветив скоро 20 години од мојот живот на овие деца… се беше за нив! За да удираат вака во утробата. Ниту една терапија или чувство за обожавање не може да го излечи моето скршено срце“, заклучи Бритни Спирс.

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо
Се вчитува....