6.8 C
Скопје
10:58 - 21 февруари, 2026

Боб Дилан ги продаде сите права на неговите 600 песни за 300 милиони долари

Боб Дилан го продаде целиот свој музички опус, повеќе од 600 песни што ги напишал во изминатите 60 години, во еден од најголемите договори што некогаш ги остварил некој уметник.

Правата на неговата музика ѝ припаднаа на „Јуниверзал мјузик груп“, а кантавторот и нобеловец за тоа доби деветцифрена сума.

Деталите за договорот, како и точната сума што ќе му биде исплатена на Дилан, не се официјално објавени. Но, според „Њујорк тајмс“, рокерот добил повеќе од 400 милиони долари. За овој профитабилен договор треба да се заблагодари на тоа што досега успеа да биде речиси целосно единствен сопственик на авторските права на сите негови песни.

Претставниците на познатата издавачка куќа не го криеле задоволството од зделката. Дилан е еден од најдолговечните музичари, кој е ценет и почитуван низ целиот свет. Во текот на оваа година, тој објави нова музика и нема намера да се повлече, иако има 79 години и активно свири цели шест децении.

Набројувањето на неговите најголеми нумери, од „The Times They Are a-Changin“, „Like a Rolling Stone“ или „Mr. Tambourine Man“, ќе биде еден повеќечасовен потфат. Тој исто така ја доби Пулицеровата награда во 2008 година за придонес во американската култура и популарна музика, а во 2016 година беше награден со престижната Нобелова награда, на чие преземање тој дури и не се појави.

Продаде повеќе од 125 милиони албуми.

За обожавателите на Боб Дилан ништо нема да се промени. Неговата музика останува достапна на стриминг-сервисите, дисковите и слично, само парите ќе одат во студиото „Јуниверзал“. Секојпат кога некоја негова песна ќе се врти на радио или ќе се користи во филм и слично, компанијата ќе добие надоместок. „Јуниверзал“ исто така ќе одлучува кои филмови или ТВ-реклами можат да ги користат песните на Дилан во иднина.

– Не е тајна дека вештината за пишување песни е основниот клуч за одличната музика. И не е тајна дека Боб е еден од најголемите мајстори на таа вештина – рекол претседателот на групата „Универзал мјузик“, Лусијан Гранџ.

Слични објави

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо
Се вчитува....