02:16 - 8 април, 2026

(Фото) Дадо Полумента чека трето дете со 11 години помладата атрактивна сопруга

Пејачот Дадо Полумента го очекува своето трето дете, со својата сопруга Ивона, која е 11 години помлада од него.

Како што открива извор близок до пејачот, Ивона ја поднесува бременоста како и претходните два пати, па сите се сомневаат дека повторно ќе се роди девојче.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVONA POLUMENTA (@ivonapolumenta)


– Ивона и овој пат има мачнини, како што имаше и во претходните бремености, па не е исклучено повторно да биде девојче – изјавил извор близок до семејството за телевизија Пинк.

Во своите интервјуа, пејачот секогаш нагласува колку љубовта на Ивона го променила и го облагородила, а не се знае премногу за нејзиниот живот.

Инаку, во една прилика Ивона зборувала за својата љубов со Дадо и се осврнала на гласините дека е со него поради пари.

– Мене кога ме гледаат на Инстаграм, велат: „Леле, оваа се омажи за пари“, или јас носам ова, јас носам она… Дадо имаше 1.000 динари во џебот, којзнае дали и толку кога ние се запознавме. Најмалку парите се важни. Фактот дека тој е пејач не мора да значи дека има пари, дури и воопшто не мора да значи и нема никаква врска со тоа. Луѓето на тој начин зборуваат за себе, секој што ќе напише таков коментар кажува што носи во себе… Од друга страна, многу луѓе од различни делови на светот, од различни возрасти, на тие фотографии гледаат во нас онаа што навистина е – рекла Ивона во една пригода.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVONA POLUMENTA (@ivonapolumenta)

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....