03:54 - 6 април, 2026

Фановите брутално ја нападнаа Сека Алексиќ: „Жено, ти си фолирантка!“

Instagram

Пејачката Сека Алексиќ гостуваше во подкаст каде истакна дека многу работи кои јавните личности ги објавуваат на социјалните мрежи се всушност заблуди и лаги .

„Нормално е детето три дена да носи тренерка на училиште додека не се извалка, па кога ќе се извалка – мама ја пере и пак ја суши. Не е нормално да ја менувате вашата гардероба секој ден. Тоа, деца, не е нормално. Не е нормално да гледате јавни личности кои рекламираат се и сешто, кои рекламираат прескапи производи, шминка, скапи животи, Дубаи… Не е нормално, тоа не е вистински живот“, одговори таа на „WTF“ радио.

Поради таа изјава наиде на жестока осуда од корисниците на социјалната мрежа Х, бидејќи, како што велат, прва го сторила тоа во блиското минато.

„До вчера нејзиниот Инстаграм личеше на ‘Тему’. Фолирантка“, истакна еден корисник на споменатата платформа, со која, судејќи по бројот на коментари и лајкови, многу луѓе се согласија.

Имено, на Инстаграм профилот на Сека Алексиќ може да се најдат многу објави на кои може да се види дека таа живее многу гламурозен живот.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....