21:16 - 8 април, 2026

Антонија Гиговска: Спокојот на Пелистер ме подготвува за нови музички дела

Младата поп пејачка Антонија Гиговска, од почетокот на нејзината кариера публиката ја помни со бројните награди на македонските и интернационалните фестивали.

За „Слободен печат“ открива дека летово ќе го искористи слободното време за да ја истражува нашата земја.

„Поради ситуацијата во која се наоѓаме Охрид секако не може да ни избега, но во последниов период навистина уживам во природата. На некој начин се пројавува желба во мене да откривам нови предели и убавини кои ги поседуваме.“, вели таа.

„Знам дека не сум единствена во ова, бидејќи забележувам дека пријателите и колегите веќе се впуштија во овие авантури низ земјава“ – додава Гиговска.

Некогашната учесничка на „Пинкови звездички“, која денес со својот глас на музичката сцена донесе извонредни рефрени, релаксацијата ја наоѓа во мирните и тивки предели како инспирација за нови музички творби.

 

„Има некоја посебна магија, те привлекува, те вдомува и постепено стануваш зависен од мирот и спокојот.  Последно каде што бев е Пелистер. Тоа ми ги полни батериите за да можам повторно да влезам во студио и со тимот да креираме неверојатни музички дела.“ – потврдува Гиговска.

 

 

Фото: Инстаграм

Слични објави

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо

Синот на Халид Бешлиќ по повод шест месеци од неговата смрт: „Секој ден очекувам да ми се јавиш“

Еспресо

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо
Се вчитува....