9.8 C
Скопје
19:24 - 10 март, 2026

Аца Лукас жестоко ја поткачи Северина: „Јас не ја наплаќам љубовта на моите обожаватели како неа“

Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, крена прашина откако јавно кажа дека сака да настапи бесплатно на новогодишната ноќ во Сараево наместо Северина, која за тоа ќе добие огромна сума.

Буџетот за дочекот во главниот град на Босна и Херцеговина, според тамошните медиуми, е 800.000 конвертибилни марки или 400.000 евра, од кои најголемиот дел е наменет за пејачката од Хрватска.

Таа вест одекна како бомба во медиумите, а популарниот музичар за „Курир“ детално ја објасни својата одлука.

„Навистина не ми е јасно зошто се крена толкава врева околу мојата понуда до градоначалникот на Сараево, јас јасно и гласно и многу прецизно реков дека сум подготвен да им пеам на граѓаните на Сараево за Нова година. Според мене, тоа е прилично ненормална и секако сосема нереална сума пари за еден настап, госпоѓата треба да им ја даде на истите тие граѓани, бидејќи сигурен сум дека тие би имале многу повеќе корист. Јас доволно сум заработил во мојата кариера за да можам да се откажам од таков хонорар за доброто на нејзината ‘верна публика’ и не сум толку гладен да ја наплатам мојата ‘љубов’ на овој начин“, изјави лукас.

„Она што сакав да го покажам и да го направам со мојата искрена понуда да настапам на граѓаните на Сараево е дека љубовта не се купува. Чекам некој разумен да ја прифати мојата понуда за Сараево – ќе пеам со целото мое срце и ќе ја направам најдобрата забава до сега“, изјави Лукас.

Слични објави

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо
Се вчитува....