11.8 C
Скопје
09:41 - 7 октомври, 2026

Аца Лукас „експлодира“ на социјалните мрежи: Спомена и смрт, па испрати жестока порака до колегите!

Аца Лукас остро им се обрати на колегите од естрадата преку социјалните мрежи, упатувајќи критики за состојбите во музичката индустрија. Во својот препознатлив стил, фолкерот истакна дека нему не му е потребна дополнителна реклама, ниту „молба“ до публиката за да дојде на неговите настапи.

„Вообичаено е ваквите објави да бидат за публиката. Епа, оваа не е за публиката – мојата публика одамна ги пополнила сите капацитети. Сите знаат сè. Не ни треба реклама, ниту обиди бројот на публиката да биде барем малку поголем од бројот на оние на бината. За жал, денес често е токму така“, напиша Лукас.

Тој додаде дека со неговиот долгогодишен продуцент, Александар Мирковиќ, имаат сосема поинаков пристап: „Решивме да помогнеме, бидејќи искрено ни е жал. Приложуваме дел од ‘докторската дисертација’ на тандемот д-р Лукас и д-р Мирковиќ. Ако некој од заинтересираните, здравје Боже, стигне до голема матура, а потоа и заврши факултет – што, гледајќи ја понудата, е речиси невозможно – нека знае дека ние дадовме скромен придонес.“

Лукас нагласи и дека никогаш не припаѓал на естрадниот свет:„Среќен сум што никогаш немав   адреса на естрадата, па затоа никогаш и не бев естрада. Истото важи и за мојот продуцент. Велите дека се кчам? Па, се кчам! Ајде вие вака! И замислете дека не сум мртов, како што зборувате и посакувате. Јас – мртов. А вие – живи! Чест на исклучоците, не морам да ги наведувам, и тие и сите знаат кои се. Останатите – во строј, на обука!“

Во разговор за црногорските медиуми, пејачот се осврна на пропаднатата летна сезона и на односот со колегите.

„Не знам дали колегите ги намалуваат цените, но јас знам дека во јули имавме седум-осум настапи помалку од лани, а заработката ни е за една третина поголема. Сакам да работам два-три дена, па да се одморам. Работиме за пари, но најважно ми е секогаш да има добра атмосфера. Не е да се фалам, ама секогаш е така – луѓето се забавуваат и секогаш се враќаат, а доведуваат и нови гости“, рече Лукас.

Тој призна дека многу негови колеги со нетрпение чекаат да го видат во пад: „Зошто некој го чека мојот пад? Јас немам непријатели, никого не мразам, а не сум воопшто мирољубив тип. Кому му пречи што полнам клубови? Не им посакувам ни пад, ни успех – ништо. Не размислувам за нив и баш ме боли уво“.

Слични објави

Пекмез од сливи без шеќер — едноставен рецепт од само една состојка

К.С.

Хороскоп за 7 октомври: Девици, луѓето околу вас ќе уживаат во вашето присуство

Еспресо

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо
Се вчитува....