16:17 - 11 јануари, 2026

Скриено богатство на Пакистан: Островот Астола

На 25 километри од брегот на Балочистан во Арапското Море, постои голем ненаселен остров долг 7 километри и широк 2,5 километри.

Островот Астола има бели карпи, опкружени со топла тиркизна вода. Тесната бела плажа се протега на периферијата, а на места карпите се смалуваат и откриваат скриен ентериер.

Instagram

Ваквиот остров долго време беше тајна на оваа земја. Недопрен и ненаселен ги има сите туристички потенцијали, но благодарение на оддалечената локација неговата исклучителна убавина останува скриена.

Instagram

За да стигнете потребни се 7 часа возење од Карачи до Пасни, пристаниште во Арапското Море на 40 километри од островот Астола. А, потоа уште 3 часа со брод.

Карачи: Пакистан: Instagram

На островот нема згради, освен стариот светилник и мала џамија. Луѓето кои го посетуваат кампуваат на плажа и нуркаат во длабокото море.

Instagram

Помеѓу септември и мај Астола станува привремена база за риболовци, кои ловат јастози, ракови и остриги. Ова е идеално време за посета бидејќи има тивок ветар во текот на денот, а бојата на водата и обликот на плажата постојано се менуваат со плимата и осеката.

Instagram

Водата е толку јасна, што морското дно може да се види до длабочина од околу 20 метри. Во другите месеци за време на сезоната на монсуните островот Астола станува недостапен, затоа што морето премногу бранува.

Астола претежно е лишена од вегетација. Поради недостаток на свежа вода, нема дрвја освен неколку растенија во форма на грмушки. Затоа изгледот на островот е песочен.

Instagram

Водите околу островот се богати со морски животи, а песочните плажи овозможуваат живеалишта за многу видови птици и желки.

Хермит: Instagram

Во 2017 година, островот Астола беше прогласен за првото заштитено подрачје на Пакистан.

Во последните неколку години, островот излезе од анонимност и стана популарен кај туристите кои сакаат авантура. Неговата далечина и недостапност станаа главни адути, кои ја чекаат светлата туристичка иднина.

Instagram

Во продолжение погледнете го видеото.

Слични објави

(Фото) Помладата ќерка на Здравко Чолиќ го покажа новиот изглед: Лара направи естетска корекција на носот и устата

Еспресо

(Фото) Само 3.000 евра во рака: Ѓина Џиновиќ се прошета со луксузен моден додаток низ Барселона

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Пеѓа Јовановиќ: Неговата сопруга се обрати со емотивни зборови, објави досега невидени семејни фотографии

Еспресо

Хороскоп за 11 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата

Еспресо

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо
Се вчитува....