07:08 - 6 април, 2026

Зошто треба да каснете овошје пред да одите во супермаркет?

Во повеќето случаи се храниме нездраво, бидејќи дома чуваме нездрави намирници какви што се грицки, газирани пијалаци и слично. Меѓутоа, можеме да одолееме на купување нездрава храна доколку пред да заминеме на пазарување, каснеме некое овошје, покажало едно истражување.

Луѓето што јадат здрави закуски пред да одат во супермаркет, избираат здрави намирници кога ќе се најдат меѓу полиците, покажало истражувањето.

Испитаниците биле поделени во три групи: првите пред да одат во продавница изеле парче јаболко, вторите – бисквит, а третите заминале со празен стомак. Истражувачите откриле дека оние што изеле јаболко купиле 28 отсто повеќе зеленчук и овошје од оние што јаделе бисквити и 25 отсто повеќе од оние што не јаделе ништо пред пазарувањето.

До слични резултати дошла и друга студија, во која на купувачите пред заминување на пазарување, им дале млеко. Испитаниците од групата на кои им рекле дека пијат здраво млеко, одбрале здрави намирници во супермаркетот.

Затоа, ако сакате да се заштитите од купување нездрави намирници (а, со тоа и од опасноста да ги изедете), каснете малку овошје или зеленчук пред да заминете во продавница, советуваат нутриционистите.

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....