21.8 C
Скопје
17:38 - 5 април, 2026

Уникатна венчавка во време на пандемија

Големите свадби со многубројни гости сега се едноставно невозможни заради пандемијата на ковид-19. Ова на многу парови им ги расипа плановите, додека други се израдуваа бидејќи тоа одвај го дочекаа како оправдување за да направат интимна венчавка. Има и такви што ја најдоа средината, а патем го одушевија светот.

Свадбите без гости станаа тренд откако коронавирусот завладеа во светот, но една венчавка што неодамна се одржа во Сан Франциско е навистина посебна. Фотографот Висенс Форнс од Калифорнија објави на социјалните мрежи фотографија од венчавка на која се невестата, нејзиниот татко и многубројните гости, но само на фотографии!

Бидејќи нивните роднини, пријатели и други драги луѓе не можеле да бидат на свадбата, младенците се досетиле како барем симболично да бидат со нив. Тие ставиле нивни фотографии на местата каде што инаку би седеле во црквата за време на свадбената церемонија, со што се создала глетка за паметење.

„Невестата влегува во придружба на нејзиниот татко. Вчера имав голема среќа да бидам фотограф на оваа венчавка во Сан Франциско. Различна, но особено емотивна венчавка. Да не заборавиме дека животот продолжува. Честитки, Емили и Парис“, напишал Висенс покрај фотографијата што сигурно ќе остане запаметена.

Instagram

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....