9.8 C
Скопје
14:58 - 24 ноември, 2024

Сива, црна, црвена… Што открива омилената боја за вашата личност?

Исто како што изгледот на облеката открива нешто за вас, тоа го кажуваат и боите што ги бирате.

Црна – боја на авторитет и моќ. Популарна е бидејќи луѓето во неа добро се чувствуваат, ги прави послаби, ги крие недостатоците, а покрај тоа е секогаш во тренд. Луѓето кои преферираат да носат црна боја се амбициозни, одлучни, но и чувствителни. Тие се емоционални и лесно се возбудуваат, иако често се обидуваат да го скријат тоа. Црната боја им помага да го оттргнат вниманието на околината од нивниот изглед на нивната личност, бидејќи внатрешните особини им се најважни.

Но, премногу црна гардероба може да прати порака дека сте резервирани и дека не сакате да се дружите.

Сивата боја е симбол на софистицираност и самодоверба. Таа е боја на рамнотежата, не е ни темна ниту светла. Ако некој има многу сива облека, тоа значи дека сакат да остане невидлив. Сивата и нејзините нијанси се симбол на мир и зрелост. Многу мажи во средни години носат сиви одела, додека жените на постара возраст носат сиви фустани.

Бидејќи оваа боја е неутрална, тешко е да се карактеризира личноста што ја преферира. Тие личности можат да бидат подготвени да почитуваат правила, разумни, ниско-емоционални и категорични личности. Но во повеќето случаи личноста што фаворизира сива боја не сака да привлекува внимание и се обидува да одржи неутралност.

Не одвлекува внимание, па идеална е кога сакате другите да обрнуваат внимание на она што го правите или што го зборувате, а не на вашата облека.

Белата боја е лесна, неутрална и остава впечаток на едноставност, чистота и елеганција. Таа е боја на слободата, чистотата, невиноста и едноставноста. Многу луѓе одлучуваат да купат нешто бело кога почнуваат нешто ново во животот или отвораат ново поглавје.

Белата боја привлекува луѓе кои сакаат слобода и гледаат на животот оптимистично. Овие луѓе се мошне уредни и организирани во се што работат, сакаат нови почетоци и се стремат кон совршенство.

Црвената боја е емоционално најинтензивна и најагресивна. Таа е боја на страста и моќта и е секогаш добар избор кога сакате да ве забележат, кога сакате некого да убедите или импресионирате. Но во неа може да изгледате и поголеми. Луѓето ја поврзуваат оваа боја со енергија, динамичност и возбуда. Психолозите тврдат дека жените кои носат црвена боја се попривлечни за мажите и дека оваа боја ги возбудува. Оние кои носат црвена боја се паметни, лесно надразливи, по малку себични и склони кон зависности.

Жолтата боја исто така привлекува внимание, без оглед на нијансата. Многу е тешка за перцепирање и може да делува престимулативно за другите. Никако не се препорачува кога одите на разговор за работа. Таа е боја на среќата, на сонцето и на смеата. Истражувањата покажале дека оваа боја го зголемува производтвото на серотонин во мозокот, го забрзува метаболизмот и го подигнува расположенитео.

Освен тоа, жолтата ја зголемува концентрацијата и вниманието, па често се користи на билбордите и рекламите. Нијанси на жолта носат активните, креативните и зависните лица. Тие се сонувачи и авантуристи, подготвени да истражуваат и да освојуваат.

Зелената боја е симбол на природата, смирува и остава впечаток на свежина. Таа е најлесна боја за очите. Темно зелената е мошне мажествена, конзервативна и имплицира богатство, додека светло зелената се поврзува со разиграна и полетна природа. Зелената боја предизвикува добро расположение, а нејзината пријатност доаѓа од сродноста со природата што предизвикува чувство на мир и задоволство.

Оние кои преферираат зелена боја водат активен, јавен живот, секогаш живеат во пријатно опкружување и главно се финансиски стабилни. Исто така се грижливи, љубезни и имаат меко срце.

Сината е една од најпопуларните бои за носење. Делува смирувачки на другите, а претежно на сите добро им стои. Симболизира посветеност и способност за самоконтрола. Сината боја е најдобар избор ако одите на разговор за работа, бидејќи оддава впечаток на самодоверба и доверливост. Истражувачите откриле дека потемните нијанси на сината боја имаат смирувачки ефект. Сината боја се поврзува со интелигенција, доверба, ефикасност и смиреност.

Сини нијанси на облека често бираат љубезните, симпатични, па дури и срамежливите луѓе. Како што велат психолозите, лицата во сина боја ќе станат прекрасни родители и работници за пример. Смиреноста и рамнотежата се најчести особини што ги имаат овие типови луѓе.

Виолетова – се поврзува со луксуз, богатство и софистицираност на оној кој ја носи. Исто така е женствена и романтична, но може да биде и тешка за окото бидејќи е многу ретка во природата. Во минатото оваа боја го претставувала благородништвото и повисокото друштво.

Познато е дека Клеопатра ја обожавала виолетовата боја. Денес оваа боја значи креативност и љубов за уметноста. Луѓето кои носат виолетова боја се емоционални и чувствителни. Тие се сонувачи, страсни се и сакаат мистика. Исто така се познати и како непредвидливи и да се излезе на крај со нив може да биде и лесно и тешко во исто време.

Кафена е боја на земјата и открива стабилна и доверлива личност на лице кое не сака претворање. Исто така е симбол на стабилност и поттикнува на комуникација. Кафената е боја на земјата, боја на нешто силно и стабилно. Така другите ги доживуваат луѓето кои ја носат кафената и нејзините нијанси.

Луѓето кои сакаат да ја носат оваа боја се малку конзервативни, ги почитуваат постарите и секогаш бараат мир, стабилност и сила во сè. Девојка во кафен фустан и маж во кафена јакна оставаат впечаток на доверливи, интелигентни и рационални личности.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....