09:47 - 31 јануари, 2026

Шест необични факти за децата родени во ноември

Без разлика дали верувате дека судбината е запишана во ѕвездите, факт е дека месецот во кој вие или вашето бебе сте родени, може да игра значајна улога во животот.
Ако сте од оние кои не веруваат во судбина, прочитајте што велат истражувањата за бебињата родени во ноември:

1. Големи се шансите момчињата да бидат леваци
Студија објавена во списанието „Кортекс“ открива дека мажите родени во периодот помеѓу ноември и јануари имаат поголема веројатност да бидат леваци, отколку мажите родени во другите месеци. Научниците не знаат зошто е тоа така, но се сомневаат дека има врска со раното изложување на сончевата светлина, што потенцијално ги зголемува нивоата на тестостерон и може да ги зголеми шансите за зајакнување на левата страна на телото, односно на левата рака.

2. Тие често се атлетски градени
Истражувањето на Универзитетот во Есекс покажа дека децата родени во октомври и ноември се поцврсти и посилни од своите врсници. Научниците сметаат дека тоа може да биде затоа што нивните мајки биле повеќе изложени на сонце и витамин Д во последните месеци од бременоста, што на нивните деца им донело посилни коски и мускули.

3. Помали се шансите да страдаат од срцеви проблеми или рак на белите дробови
Така барем тврдат авторите на студијата спроведена на Универзитетот „Колумбија“, каде што стои дека луѓето родени во ноември ќе имаат помала веројатност да заболат од рак на белите дробови и од појава на срцеви проблеми, но, од друга страна, им се заканува зголемен ризик од болести на горните дишни патишта.

4. Нивно цвеќе се хризантемите
Цвеќе што е симбол на младоста и долговечноста. Се верува дека хризантемите носат среќа во домот, а во природата тие се многу издржливи цветови што се тешки за одгледување – исто како и децата родени во ноември.

5. Луѓето имаат многу високо мислење за нив
Кога би правеле роденденска забава за славни личности родени во ноември, тоа би била многу добра екипа на славеници: Леонардо Дикаприо, Скарлет Јохансон, Мартин Скорсезе, Џоди Фостер, Рајан Гослинг и многу други, значи друштво за кое, како што забележувате, јавноста има многу високо мислење.

6. Тие се добри хороскопски знаци
Луѓето родени во ноември во хороскоп можат да бидат Скорпии или Стрелци, а двата знака се омилени во друштвото.
За Скорпиите се вели дека се лојални, харизматични и амбициозни, додека Стрелецот е познат по својата љубопитност, оптимизам и склоност кон авантури.

Слични објави

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо
Се вчитува....