11.8 C
Скопје
14:06 - 25 ноември, 2024

Најдобрите мисли на Ошо ќе ве поттикнат на промени: Не знам за поголема храброст од она кога морам да си погледнам во самиот себе

„Зрела личност не чека работите да се случат, туку го почнува патот на градење на својата судбина“

Мислите на Ошо говорат за љубовта, свеста, емоциите и личниот развој. Подарок се за сите кои сакаат да размислуваат, да поставуваат прашања и да „одат напред“.

Ошо бил духовен филозоф, индиски гуру и голем наратор. Поголем дел од животот го посветил на разговори ширум Индија. Поминал некое време и во САД, каде што основал заедница под името Рајнешпурам. Но некои негови акции не биле поштедени од критики и контроверзии. Оние кои го познавале го нарекувале револуционер. Човек способен да негира најдлабоки верувања во друштвото. Благодарение на неговата харизма и нараторските способности, тој можел да добие 1000 приврзаници и да им го пренесе својот начин на гледање на животот и смртта.

Од неговиот говор напишани се голем број духовни книги, меѓу кои се издвојува „Книгата на тајните“, „Со тебe и без тебе“, и „Динамична медитација2“. Ошо ни оставил големо наследство, по кое денес можеме да го паметиме – по неговите најубави фрази.

Љубов е да знаете да почитувате

„Љубов е да знаете како да раширите крилја, а не синџири.“ Тоа е концептот на љубовта според Ошо. Ако го ограничиме нашиот партнер, ако бараме од него да се однесува на одреден начин или да се промени, повеќе нема да биде оној кого го сакаме. Тогаш ќе ја изгуби својата суштина и ќе биде нешто што не е. Мораме да ги почитуваме другите и да ја прифатиме нивната природа.

„Ако сакате цвет, не го кинете. Ако го скинете, ќе овене и нема да биде таков каков што сте го сакале. Ако го сакате цветот, пуштете го да живее. Љубовта не е во поседувањето, љубовта е да знаете да цените.“

Да бидеш зрел значи да преземеш одговорност и да бидеш свој

„Да, прифатете се себе! Никогаш не се обидувајте да бидете поинакви, така ќе созреете. Зрелост е прифаќање одговорност по секоја цена“.

Тоа е една од Ошовите фрази која треба да ја имате предвид. Да бидете онакви какви што другите сакаат да бидете не е знак на зрелост, прифатете се конечно самите себе. Зрела личност се прифаќа себеси и пред сè, одговара за себе во секоја смисла. Не игра улога на жртва, туку е протагонист и дејствува соодветно на тоа. Не чека работите да се случат, туку го почнува патот на градење на својата судбина. Не ги игнорира своите грешки, туку ги гледа како можност да расте.

Среќата како приоритет во Ошовите зборови

Ошо смета дека треба да се радувате за да имате исполнет живот. Но, тој не говори за површни и материјални радости , туку за оние кои доаѓаат однатре, од свеста. Сензацијата која произлегува од битните мали детали и чуда кои нè опкружуваат секејдневно.

Исто така се потпирал на промени, а не на апатија и патење. Неговите зборови нè поттикнуваат да излеземе од комфорната зона и да пронајдеме наше место во светот и сами себе да се разбереме.

„Радувајте се!

Ако не можете да се радувате на својата работа, променете ја. Не чекајте!

Единствени сме! Никој не е супериорен, никој не е инфериорен, но вистина е дека никој не е сам. Луѓето се едноставно единствени, неспоредливи. Ти си ти, јас сум јас. Јас треба да придонесам со својот, ти со твојот потенцијал во животот. Јас треба да го откријам своето битие, ти треба да го откриеш своето“.

Уште една Ошова реченица која вреди да се запомни, сфатете ја како почеток на рефлексија. Ние не сме супериорни, ни еднакви. Ние сме ограничено издание. Поради тоа, споредбите не се праведни, едноставно затоа што не сме во услови на еднаквост.

​Живот, по систем, земајќи го како референтна точка она што другите го прават или мислат дека би го направиле е грешка. Целта е многу јасна, се работи за искористување на сите негови потенцијали, земајќи ги предвид неговите вештини; задача за која е неопходно да се поврзете со други и да го понудите најдоброто од себе.

Уметноста на одвикнувањето

Овој духовен филозоф нè повикува да ги урнеме старите ѕидови кои нè ограничуваат и да ги замениме со нови, флексибилни, кои ни гарантираат простор ако е тоа потребно.

Ошо говорел за јакнењето и ослободувањето од обвинување. На проблемите и грешките гледал без потреба и осудување. Неговите зборови велат дека не грешиме ние, туку нашиот начин на размислување и согледување што се случува со нас внатре и надвор. Од таа причина постои решение:

Побарајте друга перспектива, друг агол, друга точка на гледање на нештата.

„Не грешите вие! Само вашиот модел, начинот на кој сте научиле да живеете е погрешен. Мотивациите кои сте ги прифатиле како свои не се ваши. Тие не се соодветни на вашата судбина“.

Храброст е да се погледнете себеси однатре

Покрај кршењето на шаблонот, соочувањесо со она од што се плашиме или го осудуваме, најголемиот чин на храброста лежи во нашите способности да погледнеме во себе. Да бидеме дрски да ги откриеме стравовите, да ги пополниме празнините и да ги осветлиме нашите скршени делови е од суштинска важност ако сакаме да продолжиме да растеме. Мораме да бидеме внимателни, бидејќи како што одиме напред, може да се случи да се повлечеме и да се затвориме. Мораме да си поставиме прашање самите на себе, со одговорност, прифаќање и почитување.

„Не знам за поголема храброст од она кога морам да си погледнам во самиот себе.“

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....