3.8 C
Скопје
02:01 - 14 март, 2026

Како метрополите ги добиле прекарите? Зошто Њујорк е Големото јаболко, а Лас Вегас Град на гревот? (ФОТО)

Овие приказни се кријат зад прекарите на најпознатите светски метрополи.

Њујорк – Големото јаболко

Иако се сметаше дека овој прекар е постар, неодамнешните истражувања покажаа дека за „Големото јаболко“ е заслужен писателот Едвард Мартин, кој денешниот прекар на градот го спомнал во неговата книга „The Wayfarer of New York“. Пишувал дека граѓаните на другите градови сметаат дека Њујорчаните се арогантни и алчни, нарекувајќи ги, меѓу другото, „големи трули јаболка“.

Њујорк

Лондон – Стар дим

Лондон отсекогаш бил „задимено место“, но големиот смог во 1952 година во целост го оправдал овој прекар. За пет дена смогот го загадил воздухот до таа мера што убил повеќе од 4.000 луѓе!

Лондон/Profimedia

Париз – Град на љубовта

Париз е првиот европски град кој почнал да користи јавно осветлување, а поради раскошно осветлената Ајфелова кула, често се нарекува и Град на светлината. Секако, целиот град е идеален за поминување време со партнерот, а дури и за францускиот јазик се вели дека е јазик на љубовта.

Сингапур – Лавовски град

Зборот „Сингапур“ на англиски се преведува буквално „Лавовски град“. Според легендата, основачот на градот, сер Стемфорд Рефлс, објаснил дека името го одбрал откако здогледал животно мерлион (мешавина од лав и сирена).

Амстердам – Венеција на северот

Главниот град на Холандија го сечат повеќе од 100 километри канали. Со оглед на тој факт, Амстердам често се споредува со Венеција.

Амстердам

Филаделфија – Град на братска љубов

Основачот на градот, Вилијам Пен, сакал да основа место каде што сите ќе можат да живеат во љубов и во слога. Ги споил двата старогрчки збора – „филос“ што значи љубов и „аделфос“, што се преведува како брат. Така Филаделфија станала град на братската љубов.

Profimedia

Ерусалим – Светиот град

Ерусалим има големо значење за три големи монотеистички реглигии и некои од најсветите места на сите три религии можат да се најдат токму во овој град.

Ерусалим

Мумбај – Град на соништата

Мумбај ова име го заслужил бидејќи е најбогат град на Индија. Многумина во него одат во потрага за подобар живот, а таму е сместен и Боливуд.

Profimedia

Лас Вегас – Град на гревот

Градот сместен среде пустината Невада и денес е најпознат по големиот број казина, а е познат по пороците, што совршено го оправдува овој прекар.

Слични објави

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....