1.8 C
Скопје
08:12 - 23 ноември, 2024

Како да се намали желбата за јадење благо

Доколку сте зависни од јадење благо, најверојатно секојдневно се борите со оваа лоша навика. Слатката храна дава моментално чувство на задоволство, но последиците од нејзиниот редовен внес можат да бидат катастрофални по здравјето и по витата линија.

Токму затоа, кога и да почувствувате дека ви се каснува барем еден залак благо, наместо веднаш да трчате накај кујната или, пак, накај фрижидерот и да земете парче торта или чоколада, обидете се да ги следите овие совети, кои ќе ви помогнат да не го направите тоа, бидејќи шеќерот негативно влијае врз здравјето.

Јадете појадок богат со протеини

Храната богата со протеини и добри масти, на вашиот организам ќе му обезбедат материи што во текот на целиот ден ќе помогнат во одржувањето на нивото на шеќерот во крвта. Токму затоа, за појадок, препорачливо е да изберете да консумирате јајца или месо и тоа, доколку не ви пречи, комбинирајте го со грст сечкани јаткасти плодови. Ќе бидете изненадени кога од ден на ден, желбата за внес на благо ќе се намалува.

Печено овошје

Печеното овошје во комбинација со јаткасти плодови или мед е совршена замена за колачиња или парче торта, полна со шеќери и маснотии. Кога ќе изберете ваква здрава алтернатива, вашата желба за дополнителен внес на благо, комплетно ќе исчезне.

Исто така, по ваква закуска, можете да испиете и една шолја какао. Најлесно можете да го подготвите доколку во шолја зовриена вода додадете една лажичка какао, малку мед и цимет.

Можеби сте само жедни

Многу често се случува апетитот да се зголемува во периодите кога сте жедни. Според нутриционистите, луѓето многу често, наместо по чаша вода, посегнуваат по благо или по грицки, а со тоа си прават значителна штета по здравјето.

Затоа, кога ќе почувствувате глад, а по последниот оброк поминало само неколку часови, наместо да посегнете по благо или друг вид храна, наполнете една чаша вода во која ќе додадете неколку лажици сок од лимон и испијте ја. Почекајте да помине околу половина час откако ќе ја испиете вака подготвената течност, а доколку и понатаму чувствувате глад, испијте една шоља чај од билки.

Темно чоколадо

Иако нутриционистите постојано препорачуваат да се избегнува консумирање слатки, сепак чоколадото во чиј состав има околу 70 отсто какао, дури и се препорачува да се јаде, и тоа секојдневно. Покрај тоа што какаото го чува здравјето, многу помага и во одржувањето на доброто расположение.

Обрнете внимание на исхраната

Желбата за шеќер настанува ако вашата исхрана е базирана на обични јаглени хидрати и заситени масти. Решението е поголемиот дел од исхраната да се базира на влакна и протеини, кои долго ќе ве држат сити, а со самото тоа и ќе ја намалат потребата за шеќер.

Намирници што ја намалуваат желбата за благо

1. Авокадо

Покрај тоа што ќе си ја збогатите исхраната со здрави масти, ако јадете авокадо неколку часови по ручекот, ќе успеете да ја намалите и желбата за благо. Ако половина свежо авокадо не ви звучи како најдобар избор, можете да му додадете малку сол и да исцедите лимон на врвот, или да го намачкате на парче тост. Притоа, водете сметка лебот да не содржи шеќери.

2. Путер од бадеми

Ако сакате нешто слатко, изедете една лажичка путер од бадеми по ручекот. Тој содржи здрави масти и протеини, кои ќе ве одржат сити со часови. Бадемот е природно сладок, па кога ќе му додадете путер, ќе успеете да ја намалите желбата за благо.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....