4.8 C
Скопје
07:28 - 16 ноември, 2024

ФАСТ-тест – за брзо препознавање на мозочен удар

Мозочниот удар е брзо губење на мозочните функции поради нарушување на дотокот на крвта во мозокот. Може да се појави како резултат на исхемија (недостаток на проток на крвта) предизвикана од блокада (тромбоза, артериска емболија) или поради крвавење (истекување крв).

Како резултат, погоденото подрачје на мозокот не може да функционира, што може да резултира во неможност на човекот да помрдне еден или повеќе екстремитети на зафатената страна, неможност да се разбере говорот или формулирањето на зборовите, неможност да гледа на едната страна од видното поле.

Вообичаени знаци на мозочен удар

Видот и сериозноста на симптомите на мозочниот удар зависат од подрачјето на мозокот на кој влијае.

Знаците и симптомите на мозочен удар кај мажите и кај жените може да вклучуваат:

– Ненадејна вкочанетост, слабост или неможност на движење на лицето, рацете или нозете (особено едната страна од телото)

– Збунетост

– Проблеми со говорот и разбирање на говорот

– Проблеми со видот во едното или во двете очи

– Вртоглавица, проблеми со одењето или губење на рамнотежата или координацијата

– Ненадејна, силна главоболка (честопати опишана како „најлошата главоболка во мојот живот“)

– Проблеми со дишењето

– Губење на свеста

ФАСТ ТЕСТ

Ако мислите дека вие или некој околу вас има мозочен удар, веднаш повикајте брза помош.

За препознавање на мозочниот удар корисен е ФАСТ-тест.

FACE (ЛИЦЕ) – обесено лице. Побарајте од личноста да се насмее. Дали таа насмевка е нерамна?

ARM (РАКА) – замолете го лицето да ги крене рацете. Дали едната паѓа долу? Лицето што доживеало или доживува мозочен удар не може да ја крене едната рака или да ја стисне дланката.

SPEECH (ГОВОР) – Дали говорот е неразговетен или тешко разбирлив? Замолете ја погодената личност да повтори едноставна реченица, како, на пример: „Небото е сино“. Дали реченицата е правилно изговорена?

TIME (ВРЕМЕ) – Проверете ги виталните функции и повикајте брза помош ако се сомневате дека лицето доживеало мозочен удар.

Симптомите кај жените се различни

Мозочниот удар го доживуваат многу повеќе жени отколку мажи и е една од водечките причини за смрт и инвалидитет.

Поголема е веројатноста дека ќе доживеат мозочен удар, а не срцев удар како прва манифестација на кардиоваскуларните болести.

И симптомите кај жените може да бидат поинакви од оние што ги доживуваат мажите.

– Несвестица

– Тешкотија или отежнато дишење

– Ненадејни промени во однесувањето

– Халуцинации

– Гадење, мачнина или повраќање

– Напади

– Долготрајно икање

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....