08:30 - 9 април, 2026

По мистичната Г-точка трагаат и мажите и жените, но дали навистина постои?

Долги 70 години мажите ширум светот трагаат по едно место на женското тело, најважната точка во женската анатомија, која кога ќе ја допрете се случува огномет! Но никој не ја наоѓа…Се воспоставило дека е така не затоа што мажите не се вешти да ја пронајдат Грефенберговата точка (која се нарекува и Г-точка), туку затоа што неа едноставно ја нема!

Лекарите и научниците велат дека не постои доказ дека жените имаат мало, хиперчувствително место на телото кое би можело да доведе до моќен оргазам и возбуда. Какво разочарување за жените ширум светот!

Ерогената зона наречена по германскиот гинеколог Ернест Графенберг, кој на крајот на 50-те години од минатиот век сугерирал дека постои густа мрежа на нервни завршетоци кои ќе ја доведат жената до незамислив оргазам, се воспоставило дека е мит. Барем така тврдат научниците откако извршиле детални анатомски истражувања на 17 жени во средни години. Утврдиле дека не постои ниеден доказ.

Во етаблираното издание  „Urogynaecology Journal”  тим научници од Истанбул објасниле дека анатомските докази за постоење на Г-точката се недоволни, непрецизни и неадекватни.

Кованцицата Г-точка е воспоставена во Америка во средината на 80-те години и оттогаш е главна појдовна точка на добар дел од индустријата за сексуални помагала, па и на порно индустријата. По мистичната Г-точка трагаат бројни лекари, а наводно утврдено е дека навистина постои пред осум години, но само на основа на преглед на една жена, па можеле да се отфрлат овие тврдења. Тоа, меѓутоа, не им пречи ни на жените ни на мажите да мечтаат за неа.

Според анкетата спроведена од списанието „Ел“ за 22 отсто на мажи Г-точката е „свет грал“ и единствена работа која ги интересира во сексот.

Што да кажеме освен среќна потрага и на мажите и на жените.

Слични објави

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо
Се вчитува....