03:44 - 9 април, 2026

ПЛАТА од 1000 ДОЛАРИ, а работата е ГЛЕДАЊЕ ПОРНО филмови: Може да се работи од секаде, еве кои се условите

Компанијата Bedbible сака да им плати на луѓе да гледаат експлицитни видеа за истражувачки цели.
Еден час се плаќа 20 долари

Порнографијата може да има многу различни форми на интернет и тоа е една од најголемите индустрии на планетата. Компанијата Bedbible сака да добие подобар увид во сексуалните навики на своите корисници и ангажира кандидат што ќе биде платен за гледање порнографија, а саатницата ќе изнесува 20 долари, пишува Daily Star.

На Bedbible ќе најдете написи за секакви интимни теми, како и рецензии за секс играчки и други производи за возрасни. Успешниот кандидат ќе биде платен да гледа стотина најгледани порнографски видеа. Целта на ова „истражување“ е да се добијат информации како што се секс позите, времетраењето и бројот на оргазми, застапеноста на мажите и жените во порно филмовите, бојата на косата и говорот.

Секој може да аплицира за оваа работа

Податоците ќе се користат за изработка на детален извештај за трендовите и статистиките во експлицитните видеа. Платата по час изнесува 20 долари, односно вкупно 1000 долари за 50 часа гледање порнографија. Секој на возраст од 21 или повеќе години може да аплицира за оваа работа и не е важно каде во светот се наоѓа апликантот бидејќи станува збор за работа на далечина.

„Порнографијата е индустрија вредна милијарди, па дојдовме до идеја да дознаеме нешто повеќе преку примери од реалниот живот“, вели Едвина Кајто, главен креатор на содржина во Bedbible.

„Избравме да ги истражиме најчестите сексуални пози во 100 најгледани видеа за да создадеме реална претстава за порнографските преференции на луѓето. Сигурни сме дека од нашето истражување ќе дознаеме некои интересни статистики, како што се типовите на играње на улогите што ги имаат актерите, бројот на оргазми и сите опфатени фетиши“, објасни таа.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....