14:43 - 5 декември, 2025

НЕОБИЧЕН ХЕРОЈ: Посвоил повеќе од 100 бебиња чии мајки сакале да ги абортираат, а направил и гробишта за абортирани бебиња

Во светот постојат луѓе кои не се на насловните страници и не се милијардери, но чиј начин на живот прави да се чувствуваме горди што живееме на оваа планета!

Еден таков херој е Тонг Фуок Фук, Виетнамец кој спасил животи на десетици деца. Денес тој е „татко“ на повеќе од сто деца кои никогаш немало да се родат ако не бил тој.

Facebook

Се започнало во 2001 година кога неговата сопруга била бремена и имала компликации. И додека чекал во болница, видел како многу бремени жени влегуваат во салата, но излегуваат без деца.
На почетокот не сфатил, но кога го видел медицинскиот персонал како ги изнесува завитканите фетуси, му станало јасно. Тој бил толку длабоко трогнат што побарал да му ги дадат тие мали тела.

Facebook

Ја зел целата заштеда што ја имал од својата работа како градежен работник и купил мало парче земја каде што можел да ги закопува телата на абортираните деца.

На почетокот неговата сопруга мислела дека е полудел, но тој продолжил да го прави тоа, а денес на овие необични гробишта има повеќе од 10.000 абортирани фетуси.

No photo description available.

Кога почнал да ги закопува фетусите, мајките кои ги абортирале децата почнале да доаѓаат на гробиштата и да се молат, а трудниците кои размислувале за абортус почнале да доаѓаат и да бараат помош. Фук ја отворил вратата од својата куќа и им понудил да ги посвои нивните несакани деца.

Facebook

Оттогаш, тој посвоил повеќе од 100 деца кои инаку би биле абортирани. Со текот на времето, многу жени се вратиле да ги бараат своите деца кога си ги подобриле условите за живот. Иако ова е многу мачна работа, Фук не размислува да се откаже.

– Ќе го правам ова до последен здив. Ги охрабрувам и моите деца да продолжат да им помагаат на луѓето – рекол овој човек херој.

Facebook

 

 

Слични објави

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо
Се вчитува....