14:19 - 1 февруари, 2026

10 години го криела љубовникот на таванот, била причина за смртта на сопругот, а потоа имала уште двајца љубовници (ФОТО)

Родена дамнешната 1880 година некаде во Германија, Валбурга „Доли“ Остерејх била заплеткана во еден од најбизарните скандали во светската историја.

Таа се омажила за богат сопственик на успешна фабрика, но бракот не ја задоволил. Поради тоа се свртела кон љубовниците.

Бизарната приказна почнува еден есенски ден во 1913 година, кога го замолила сопругот, Фред Остерејх, да испрати еден свој вработен за да ја поправи нејзината машина за шиење. Кога седумнаесетгодишниот Ото Санхубер тропнал на вратата, Доли го чекала практично гола. Машината останала недопрена, но тој судбоносен ден го означил почетокот на нивната врска, која ќе потрае со децении.

принтскрин

Како што во тоа време пишувакл „ЛА Тајмс“, Ото и Доли се состанувале во хотели во тајност, но наскоро почнале да се состануваат и во нејзината куќа. Висконсин во тоа време бил центар на конзервативното американско друштво и соседите почнале да се бунат поради зачестените посети на непознатото момче на омажената жена. Доли добила одлична идеја.

тајната соба каде што престојувал Ото/принтскрин

Ото ќе даде отказ и ќе се пресели на таванот каде што ќе можат да уживаат во нивната врска без љубопитните очи на соседите. Ото би морал да се откаже од секаков контакт со други луѓе, освен секодневното уживање со Доли. Нему тоа премногу не му пречело и наскоро почнал да живее на таванот. Во текот на вечерта ги читал книгите кои Доли му ги донесувала од книжарницата.

По пет години таен живот, Ото успеал да објави неколку романи под псевдоним, но во тој период Фред Отерејх веќе почнал да полудува. Слушал необјасниви звуци од таванот, му снемувало цигари и често гледал сенка која поминува пред вратата на спалната соба. Во 1918 година одлучил да се пресели во Лос Анџелес, не претпоставувајќи дека „сеништето“ ќе го следи.

принтскрин

Доли се согласила на селидба, но под услов и новата куќа исто така да има таван. Брачниот пар сè почесто се расправал и кога во 1922 година избила жестока расправија, загрижениот Ото се спуштил од таванот и го убил Фред за да ја заштити својата љубовница. Во паника, се договориле Ото да ја заклучи Доли во шкаф и да се преправаат дека некој провалил во куќата и притоа го убил Фред. Полицијата поверувала во приказната бидејќи немале причина за сомневање.

Фред Остерејх/принтскрин

Вдовицата наследила богатство и добила слобода непречено да ужива во љубовта со Ото. Меѓутоа, продолжила да го чува на таванот, а Ото подоцна зборувал дека станал љубовен роб на Доли.

Додека тој живеел на таванот, Доли почнала да се гледа со други љубовници. Почнала афера со адвокатот Херман Шапиро и со Рој Клумб.

принтскрин

На Херман по грешка му подарила часовник од покојниот сопруг чие исчезнување го пријавила претходно, а Рој го замолила да се ослободи од оружјето со кое Ото го убил Фред. По една жестока кавга Рој одлучил сè да ѝ раскаже на полицијата.

Приближно во тоа време Доли му рекла на Херман дека треба да го нахрани нејзиниот полубрат кој бил на таванот. Ото бил пресреќен што првпат за десет години разговарал со некоја друга личност освен со Доли. Херман не бил воопшто задоволен што е Ото на таванот и веднаш го избркал. Исплашен, Ото побегнал во Канада.

Ото Санхубер/принтскрин

Неколку години подоцна Херман и Доли се разишле во многу лоши односи и разочараниот адвокат сè ѝ раскажал на полицијата.

принтскрин

Полицијата ја уапсила и ја ставила на обвинителна клупа. На Ото му е судено во отсуство и прогласен е за виновен во отсуство, но бидејќи злосторството застарело, продолжил да живее како слободен човек.

Ото подоцна се преженил/принтскрин

Доли пронашла нов љубовник со кого среќно живеела следните 13 години и на крајот се венчале.

принтскрин

Слични објави

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо
Се вчитува....