13:01 - 8 април, 2026

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Подгответе се за целосен пресврт. Овој транзит, кој се случува еднаш на 84 години, ќе го означи почетокот на седумгодишен период што од темел ќе го промени начинот на кој размислуваме, комуницираме и се поврзуваме.

По речиси осум години поминати во Бик, каде што акцентот беше ставен на материјалната сигурност и стабилност, преминот на Уран во воздушниот знак Близнаци носи промена на фокусот – од опипливото кон апстрактното. Нè очекува време на забрзување, љубопитност и ментален немир. Последен пат кога Уран престојувал во Близнаци, од 1941 до 1949 година, светот сведочел на Втората светска војна, но и на револуционерен напредок во комуникацијата, како развојот на радиото и првите компјутери. Сега, повеќе од осум децении подоцна, повторно сме на прагот на нова интелектуална и технолошка револуција.

Ера на хаотична генијалност

Влегувањето на Уран во Близнаци официјално започнува на 26 април 2026 година и ќе трае до 2033 година, по краток „воведeн“ престој од јули до ноември 2025 година. Астролозите овој период го опишуваат како време на ненадејни будења и неочекувани откритија што ќе нè поттикнат да преиспитаме сè она што сме го сметале за конечно. Близнаците владеат со информациите, сообраќајот, медиумите и образованието, па токму на тие полиња се очекуваат најдраматичните промени.

Може да очекуваме целосна интеграција на вештачката интелигенција во секојдневниот живот, револуција во транспортните системи со автономни возила и дронови, како и нови начини на пренос на податоци. Традиционалните медиуми и образовни системи ќе се најдат пред ѕид, принудени на радикални реформи. Во исто време, ова е период што ја поттикнува индивидуалноста и ексцентричноста како одговор на годините на конформизам. Ерата во која сите носеа исти патики и беж мантили се ближи кон крај. Уран во Близнаци ќе ја наградува оригиналноста, неконвенционалните идеи и храброста да се биде поинаков.

Како ќе влијае транзитот врз хороскопските знаци?

Иако сите ќе го почувствуваат бранот на промени, некои знаци ќе се најдат во самиот епицентар на оваа астролошка бура.

Близнаците во центарот на трансформацијата

За Близнаците, ова е почеток на период на целосно лично будење. Со Уран во сопствениот знак, ќе почувствуваат силна потреба за слобода, промена на идентитетот и ослободување од сите ограничувања. Ги очекуваат ненадејни животни пресврти што можат да ги изненадат, но и да ги ослободат. Ова е нивна шанса повторно да се дефинираат – не онака како што другите очекуваат, туку онакви какви што навистина се. Секој обид за ограничување ќе наиде на силен отпор.

Огнените и воздушните знаци го фаќаат ветерот на промените

Вагите, Водолиите, Овните и Лавовите ќе го почувствуваат поволното влијание од овој транзит. За Вагите и Водолиите ова е време на креативен процут и иновативност, идеално за научна работа, уметност и општествен активизам. Овните и Лавовите ќе добијат храброст за нови потфати и проширување на социјалните кругови. Нивната комуникација станува клуч за успех, а неочекуваните средби и идеи ќе им отворат сосема нови светови.

Предизвици за Девиците, Стрелците и Рибите

Променливите знаци – Девица, Стрелец и Риби – би можеле да почувствуваат зголемен стрес и ментален немир. Уран ќе ги натера да излезат од зоната на комфор, што може да биде исцрпувачки ако се спротивставуваат на промените. Девиците ќе се соочат со револуција во кариерата, Стрелците ќе ги преиспитуваат своите односи, а Рибите ќе доживеат промени во домот и семејството. Клучот за нив ќе биде приспособливоста и подготвеноста да се ослободат од старите обрасци.

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....