1.8 C
Скопје
07:01 - 14 март, 2026

Кој е најдобриот сопруг според астрологијата?

Секој човек има свои доблести и маани кои го прават уникатен, но експертите во областа на астрологијата веруваат дека позицијата на планетите и хороскопскиот знак имаат огромно влијание врз карактерот на луѓето. Токму затоа тие и можат да издвојат еден знак, кој ако го изберете за ваш сопруг, никогаш нема да се покаете.

Станува збор за Бикот. Како сопруг, тој ги има најдобрите особини од сите знаци во Зодијакот. Некои го опишуваат овој знак како неморален, но ова може да биде вистина само ако се има во предвид неговата силна потреба да го задоволи својот интензивен физички живот.

Тој е благ, добродушен и верен. Токму затоа и никогаш нема да го занемарува својот дом и семејството. Овој маж ги обожава својата жена и деца и бескрајно се труди да им ги овозможи најдобрите услови за живот, образование, облека и забава кои ги нуди светот. Бикот многу често се жени со девојка која е со подобар материјален и социјален статус од него, бидејќи е воден од амбицијата да успее и да се движи во повисоки социјални кругови. Но, тоа не значи дека тој нема да даде сè за својата сопруга.

Венера му дава исклучителна смисла за убавина, па токму тоа и допринесува тој секогаш за себе да бара убава и згодна жена. Тој обожава кога другите зависат од него и сакаат кога чувствуваат дека прават сè сами за сопругата и децата. Откако еднаш ќе се ожени, тој многу тешко ќе пристапи на развод.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....