07:00 - 1 март, 2026

Дневен хороскоп за 24 јуни: Бидете одлучни и стојте зад одлуките што ќе ги донесете

Овен

Денес движете се во средини и со луѓе кои ви создаваат внатрешен мир. И најмалата нервоза може да ви создаде проблеми со здравјето. Избегнувајте деловни дискусии, немате доволно мотивација и креативност. Во љубовта не е сѐ така црно како што ви изгледа, па нема потреба да се измачувате со анализи.

Бик

Иако работната недела само што започна, вие веќе имате исполнето најголем дел од обврските кои си ги зацртавте викендов. Нема да ви се допаѓа помислата некој друг да ги извршува вашите задачи, бидејќи ќе знаете дека така е поголема веројатноста од грешки. Појавете се неочекувано на друштвена средба која претходно сте ја одбиле.

Близнаци

Ова е добар ден да ги решите тешките прашања и дилеми во кругот на семејството, имате доволно креативност и трпение. На работното место ќе ви оди потешко со фокусирањето на важните задачи, па побарајте помош од поискусни колеги. Во љубовта ви недостасува самодоверба. Луѓето ги сакаат забавните личности.

Рак

Денес мора да бидете трпеливи ако сакате сите планови да имаат среќен крај. Ви недостасува сон и тоа ви прави проблеми со концентрацијата. Приватно, ќе бидете ставени пред голема одлука, подгответе се. Во љубовта не правете работи за кои веќе утре ќе зажалите, бидете лојални.

Лав

Животот не е шега, но денес вие ќе го живеете забавно. Ќе бидете најведрата личност и ќе носите топлина каде и да се појавите. Вашата заразна насмевка ќе создава прекрасна атмосфера за релаксација. Ако сте сингл, некој ќе ви признае дека е вљубен во вашата широка насмевка. Ќе уживате во секој миг.

Девица

Ѕвездите денес ви се наклонети на секое поле, посебно на финансии. На работното место побарајте го она што сметате дека е ваше, без да се плашите. Приватно, неопходно ви е полнење на батериите со престој во природа. Љубовната ситуација е совршена, само треба да останете отворени за нови идеи.

Вага

Денес ќе бидете опуштени и толерантни, па ова е одличен ден за активности со многу луѓе и нови познанства. Бидете селективни со кој ги раскажувате финансиските проблеми. На љубовта пристапете ѝ со повеќе ентузијазам. Пасивноста ќе се протолкува како незаинтересираност.

Скорпија

Можете да барате колку што сакате изговори за да го занемарите социјалниот живот, но факт е дека не можете да живеете без вашите пријатели. Без разлика колку е напорен вашиот живот, одделете си време за средба со личностите кои се гордеат што ви се пријатели. Има прашања чиј одговор е тежок за да се изговори.

Стрелец

Денес ќе ви недостасуваат емоции и емпатија, па затоа избегнувајте да бидете рамо за плачете и утеха. Во работата повеќе размислувајте долгорочно, избегнувајте краткорочни начини за заработка, бидејќи доаѓаат со голем ризик. Во љубовта бидете тактични и не избрзувајте со споделувањето на информациите.

Јарец

Бидете одлучни и стојте зад одлуките кои ќе ги донесете. Не дозволувајте блиските луѓе да играат на карта емоции и да ве предомислат. Забавете го темпото на работа и расчистете го распоредот на обврски пред новата недела. Љубовта ќе процвета ако понудите поголемо разбирање.

Водолија

Денес ќе имате екстра гориво во вашиот багажник, па лесно ќе се ревитализирате кога енергијата ќе го напушти вашето тело. Само напред, тргнете кон постигнување на вашите најамбициозни цели. Научете да ги делегирате задачите кои не морате да ги исполнувате самите. Прифатете ги понудените раце.

Риби

Потребата за поголема слобода ќе ве стави пред големи и важни одлуки. Потпрете се на внатрешниот глас, не на туѓите совети. На работното место работете тактички, без преголемо споделување на плановите и информациите. Во љубовта останете природни и свои. Не се обидувајте да задоволите туѓи желби по секоја цена.

Слични објави

Хана Хуљиќ објави ретка фотографија со сопругот Петар Грашо

Е.А.

(Фото) Ќерката на Чолиќ ја напушти Србија откако беше фрлена бомба врз нивниот дом: Еве што прави Лара на патувањето

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ се сврши: Рале ја запроси облечен во гаќи

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во топлес издание, ќерката на Харис позираше провокативно во црна танга

Еспресо

Хороскоп за 28 февруари: Биковите треба да ги изразат чувствата, Скорпиите ги очекува добар ден за комуникација

Еспресо

Гога Секулиќ во тага за својот роденден: Пејачката се огласи, еве што порача

Еспресо
Се вчитува....