15.8 C
Скопје
08:30 - 18 мај, 2024

Астро прогноза за 30 јули, сабота

Овен
Ќе си дозволите мал луксуз за да го зголемите уживањето за себе и за саканата личност .Тоа ќе биде полн погодок. Повторно ќе ве фалат, ќе уживате во пофалбите и во благодарниците, но нема да запрете тука. Малкумина се такви кои ќе се задржат само на старата славата. Продолжете да работите со истото темпо.

Бик
Сте вложиле многу енергија и сакате да видите дека ќе ви се исплатат сите напори кои сте ги пружиле за да бидете успешни. Спонтано ви се појавува личност која ќе покаже дека има чувства кон вас. Можно е некоја личност од минатото да пробува да ви се врати иако вие во суштина не сакате помирување со неа.

Близнаци
Вашиот оптимизам ќе биде почувствуван од сите околу вас и позитивно ќе влијае на опкружувањето. Не се плашете да покажете дека сте среќни, но внимавајте кому се доверувате. На професионално поле покажете креативност, време е да воведете промени. Во љубовта ве очекуваат добри шанси, кои не треба да ги пропуштите.

Рак
Можно е да имате проблеми што не сте ги очекувале на деловното поле и ќе бидете незадоволни. Саканата личност ги покажува своите искрени чувства кон вас и вие конечно уживате во нејзиното внимание. Потрудете се да ги усогласите вашите заеднички желби и потреби и ќе ве очекува убав ден. Се чувствувате изморено.

Лав
Личност од вашето семејство ќе ви помогне да откриете што е она што ви недостига за да бидете среќни. Слушајте совети и концентрирајте се кога вашите најмили ви ги кажуваат нивните ставови. Во љубовта ќе бидете романтични и нежни. Ако сте соло, ќе привлечете личност како вас во вашиот живот. Сродна душа.

Девица
Концентрирани сте на завршувањето на заостанатите обврски уште на почетокот на новата недела, за да можете да здивнете за време на викендот. Стресот што го чувствувате главно е предизвикан од работата. Не го занемарувајте вашето психичко здравје. Истовремено, го занемарувате и партнерот. Ќе добиете укор од него.

Вага
Се држите до вашите планови и не дозволувате никој да ви ги наруши. Ако останете со иста мотивација може да постигнете големи цели. На професионално поле креативноста ќе завладее. Во љубовта не го губете ентузијазмот и харизмата. Можни се неочекувани ситуации, но не е ништо нерешливо.

Стрелец
Имате лоша претпоставка за проценка на деловните можности. Дискусијата со колега денес ќе биде неизбежна. Бидете претпазливи од луѓе кои знаете дека се без образ и кои сé ќе направат за да ги исполнат своите цели. На емотивно поле, искрено искажувајте ги своите чувства кон некој близок. Ќе ви бидат возвратени.

Јарец
Многумина денес ќе излезат надвор со друштво или со саканата личност и убаво ќе си поминат. Самците лесно ќе воспоставуваат контакти. Ќе заклучите дека имате многу добра финансиска подлога, така што на неа може да ги градите понатамошните животни одлуки. Летната настинка може да ве легне во кревет.

Скорпија
Обидете се нервозата од работата да не ја носите во домот. Интензитетот со кој се менуваат работите во вашата професија ве прави несигурни, но тоа не е причина истото да ви го наруши и домашниот мир. Денес, на партнерот покажете му ја личноста која што тој најмногу ја сака.

Водолија
Луѓето ќе чекаат во редица за да ве запознаат. Вашата популарност нагло ќе порасне, но мора да научите да ги разграничувате вистинските од лажните пријатели. Првите ќе ве гледаат со сјај во очите. Нема да се разочарате ако му дадете шанса на некој од вашето минато да зборува. Не е сè онака како што ви изгледа.

Риби
Не дозволувајте некои коментари да ве извадат од рамнотежа. Обидете се да се контролирате затоа што некој намерно ве провоцира. Ако сте направиле погрешна одлука во минатото, можно е да се покаете денес. Поканете ја саканата личност и обидете се да ја поправите грешката. Имунитетот ви е во опаѓање, земајте витамини.

Слични објави

Среќен викенд: Три хороскопски знаци кои ќе имаат многу среќа од 18 до 19 мај

еспресо

(Видео) Ужасна глетка: Вака раперот Пи Диди се иживува на девојка

еспресо

(Фото) Род Стјуард се шета низ Белград како целиот нормален свет: Во фармерки и патики, кој би го препознал!

еспресо

Шокантно откритие: Јована Јеремиќ сподели кое е најчудното место каде што водела љубов

Еспресо

Северина завојува со познат свештеник: „Јас само имав добар секс, а тоа ти го посакувам и на тебе“

Еспресо

Луна ја покажа семејната идила: Вака Миљковиќ го поминуваат времето по скандалот со соседите

Еспресо
Се вчитува....