4.8 C
Скопје
15:08 - 21 декември, 2024

Астро прогноза за сабота, 27 август

Овен
Можеби љубовта нема да ви биде приоритет, но тоа нема да ве спречи да флертувате или да оживеете убави романтични приказни. На работа ќе бидете поефикасни од кога било, секоја цел ќе може да се постигне. Оттука, не е исклучена промена на работното место ниту трансфер на поодговорна задача. Единствено што може да ви донесе проблеми денес е пасивноста.

Бик
Не, сè уште не планирајте да патувате, иако посакувате да отпатувате накаде, подалеку од дома и да бидете сами со себе извесно време. Во овој период можни се и проблеми во комуникацијата со личности од други држави. Често сте склони кон караници. Уверете се дека вашите пораки пристигнуваат на правилната адреса. Многу сте напнати, сакате да преземете големи чекори.

Близнаци
Верувате во она што го слушате бидејќи во моментов тоа најмногу ви одговара. Немате време да се фокусирате на оние активности на кои би требало да се фокусираат вашите соработници. Мора да бидете малку построги кон нив и мора да воспоставите ред во својот живот бидејќи единствено така ќе ги исполните сите работи кои сте ги замислиле. Верувате дека еден Рак е добронамерен кон вас дури и кога не се однесува така.

Рак
Доколку не сте во врска, некој од вашите пријатели ќе сака да ве запознае со некоја интересна личност, прифатете ја понудата. Што се однесува до материјалната страна нема да имате тешкотии, дури и ќе успеете да заштедите сепак, однесувајќи се малку скржаво. Денес адреналинот ќе лудува во вас и ќе ви ги брише стравовите од непознатото. Можна е понуда за некоја друга работа.

Лав
Денес ќе се нервирате околу сѐ и сешто! Сѐ ќе ви пречи! Како да сте во замка, никако не можете да направите сѐ да биде по ваша мерка. Не ви се допаѓа ставот кој го заземала саканата личност, ќе барате повод за расправија во секоја ситуација. Соберете се! Ќе направите нешто за што подоцна ќе зажалите. Потребна ви е поголема флексибилност во комуникацијата со партнерот.

Девица
Ако се занимавате со приватна работа, сега може да ви оди во надолна линија. Очекувајте не баш поволен период за промени. Пред вас е интересно познанство кое ќе ви донесе возбудувања во животот. Стабилна врска со личноста која ја сакате е невозможна мисија. Важно е да почнете да работите на искреност. Имате големи планови за напредок и подготвени сте максимално да се посветите на вашата работа.

Вага
Прекрасни сте, но во претстојниот период можно е да почувствувате намалена самодоверба. „Виновник“ за тоа ќе биде еден неодамнешно однесување на личност која ви се допаѓа. Во прашање е ваша погрешна перцепција за таа личност. Во животот на некои Ваги ќе се врати поранешен партнер или некој со кого сте флертувале во минатото. Можни се обиди за обновување на врската.

Скорпија
Со шеги и смеа, ситни дофрлања и провокации ќе спасувате мали несогласувања во врската. Радосни сте зашто ви се подобрува љубовниот живот, но сѐ уште не е крај на ситните провокации. Бидете внимателни поради тоа. Доколку денес отворено му се спротивставите на шефот, ќе изгубите и ќе се почувствувате многу малечки. Затоа, немојте. Почекајте да се смири напнатоста.

Стрелец
Иако вашето физичко здравје е во ред, треба да обрнете повеќе внимание на психичкото. Новата работа ќе ги задоволи вашите потреби на работното поле. Очекувајте позитивни пресврти. На емотивно поле, пред вас е шанса да влезете во врска која ќе ви донесе задоволства во животот. Ако сте во врска, со саканата личност не уживате, имате големи караници и проблеми.

Јарец
Денес занимавајте се со поситни финансиски анализи. Знаете дека се движите во вистинската насока, па нема потреба од грижи и стравови. На работното место ќе добиете тешка задача, но на крај и самите ќе се изненадите од добриот резултат. Во љубовта мора да научите да правите компромис ако сакате да ги избегнете проблемите со партнерот. Договарајте се дури и за помалку важни работи.

Водолија
Внимавајте колку често го отворате вашиот паричник и со каква намена ги трошите вашите пари. Денес сѐ ќе биде во знакот на парите. Само со внимателно планирање на буџетот ќе успеете да го поминете овој период без да влегувате во долгови и заеми. Во животот на некои Водолии ќе се врати поранешен колега или работодавач за да им даде неодолива можност за дополнителна заработка.

Риби
Денес немојте да бидете премногу строги кон себе и фокусирајте се на позитивното. На работното место ситуацијата е добра и ќе имате време да завршите со сè. Во љубовта морате да бидете поискрени со себе ако сакате да се придвижите во вистинската насока. И професионално и приватно ќе бидете навистина мотивирани и до крајот на денот ќе завршите некој важен проект.

Слични објави

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо
Се вчитува....