2.8 C
Скопје
20:56 - 18 декември, 2024

Фит со помош на астрологијата: Листа со идеални вежби за секој хороскопски знак

фитнес

Изгледа дека според хороскопот можете да откриете кој е најдобриот тренинг за вас. Вашиот астролошки знак открива многу за вас на оваа тема, па токму затоа не изненадува фактот дека астролозите и нумеролозите направиле листа со идеални вежби за секој хороскопски знак. Се надеваме дека овие совети ќе успеат да ве инспирираат да почнете со вежбање уште денес.

Овен
Вашите карактеристики: Вие сте силни, со авантуристички дух и им посакуваме среќа на сите оние кои сакаат да се натпреваруваат со вас.

Вашата идеална вежба: Групен велосипедизам. На овој начин ќе можете постојано да го следите вашиот напредок, но истовремено и ќе ја разбудите својата желба за натпреварување која нема да ви дозволува да се откажувате.

Бик
Вашите карактеристики: Познати сте по вашиот опуштен став, па токму затоа вежбите во природата ја хранат вашата душа.

Вашата идеална вежба: Интензивен тренинг во природа. Овој жесток тренинг содржи многу повторувања, склекови, но истовремено и овозможува да уживате во природата околу вас која е совршена атмосфера за рамнотежа на упорниот и трпелив Бик.

Близнаци
Вашите карактеристики: Вие сте многу социјална личност, па токму затоа сакате постојано да сте опкружени со луѓе. И бидејќи сте секогаш во движење, треба да ги избегнувате оние вежби кои се монотони и со рутина.

Вашата идеална вежба: Спорт. Особено групните спортови кои вклучуваат тимска игра. Доколку сакате да пробате нешто поразлично, можете дури и да се обидете со гимнастика.

Рак
Вашите карактеристики: Вие сте чувствителен емотивец кој обожава да поминува време со семејството, особено во кујната. Доколку сакате да потрошите вишок калории, вие треба да одберете вежби кои ќе го ангажираат и умот и телото, но и кои успешно ќе ја пренесат вашата енергија кон другите.

Вашата идеална вежба: Јога. Доколку барате вежби кои се фокусираат истовремено и на внатрешноста и на надворешноста, јогата е совршен избор. Таа го вклучува целото тело и работи на протокот на енергијата со цел да ги поврзе вашиот ум и тело.

Лав
Вашите карактеристики: Вие сте типичен забавувач и центарот на сите забави, но особено сте познати по креативноста доколку имате добра публика.

Вашата идеална вежба: Танц и зумба. Ако сакате да се забавувате додека вежбате, запишете се во танцово училиште каде што секој час ќе биде ваш настап. Кореографиите кои ги учите, без разлика дали се едноставни или покомплицирани, ќе бидат одличен кардио тренинг за вас.

Девица
Вашите карактеристики: Познати сте како успешни и методични перфекционисти кои постојано сакаат сè да поправаат, а со тоа и да достигнат некое совршенство.

Вашата идеална вежба: Вежби за јадрото. Една од главните предности на овие вежби е можноста да ги тренирате своите инстинкти и чувства. Тие ви овозможуваат контрола над умот и телото.

Вага
Вашите карактеристики: Вие никогаш не започнувате кавги бидејќи сте пријателски настроени и секогаш знаете како да ја смирите страста. Вашите интереси обично вклучуваат рамнотежа и разубавување на нештата околу вас.

Вашата идеална вежба: Барe вежби (инспирирани од балетот, пилатесот и јогата). Во овие вежби фокусот е насочен на одредени мускули и нивната јачина преку мали и брзи движења. Меѓу другото овие вежби се фокусираат и на типичните проблематични зони како бутовите, колковите, задникот, стомакот и рацете.

Скорпија
Вашите карактеристики: Вие сте најинтензивниот знак во зодијакот, познати по својата бестрашност и страст околу сè во животот.

Вашата идеална вежба: Вежбање во вода. Кај вас сè се врти околу адреналин, а вежбањето или трчањето ве потсетува на тоа дека вие сте главни. Токму затоа вежбите во базен или едноставното пливање за вас се идеални вежби бидејќи отпорот кој го создава водата во вас буди уште поголема желба за наредување и подобри резултати.

Стрелец
Вашите карактеристики: Вие сте познати како најдобрите спортисти во зодијакот и тоа поради неверојатната сила која ја поседува вашето тело и ум.

Вашата идеална вежба: Фитнес. Различните техники и согорувањето големи количини калории, додека истовремено го исфрлате стресот од вашето тело, одлично влијаат врз пронаоѓањето рамнотежа во вашиот живот.

Јарец
Вашите карактеристики: Вие сте секогаш дисциплинирани и стабилни личности кои на сè се посветуваат на долги патеки, па токму затоа вежбите кои бараат издржливост, трпение и прецизност се за вас идеални.

Вашите идеална вежба: Вежби за издржливост. Со цел да постигнете поголема издржливост на вашето тело за вас се идеални бавните желби кои можат да бидат вистинскиот начин да го постигнете тоа. Присилувањето на мускулите да работат со мала брзина ќе го активира мускулното ткиво и ќе доведе до подобри резултати.

Водолија
Вашите карактеристики: За вас најдобри се групните вежби, особено ако вклучуваат пријатели или се од хуманитарен карактер.

Вашата идеална вежба: Групни натпревари. Групните часови за вежбање и натпреварите кои следуваат по нив се одличен начин да ја разбудите во себе желбата за победа и така да постигнете подобри резултати. Исто така, групата е онаа која ве тера да дадете сè од себе и никако да не се откажете прерано.

Риби
Вашите карактеристики: Добрите вести се дека емпатијата која ја поседувате ве прави одлични пријатели со кои секој сака да поминува време. Лошата вест е дека ова понекогаш ве преоптоварува. Доколку сакате да останете фокусирани, смирени и оттргнати од анксиозноста обидете се со активности кои ве смируваат.

Вашата идеална вежба: Медитација и велосипедизам во вода. Медитацијата е единственото нешто што може да ве смири, додека велосипедизмот во вода е природен начин за детоксикација на телото со масажата која им ја овозможувате на мускулите додека возите низ водата.

Слични објави

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....