9.9 C
Скопје
16:25 - 18 декември, 2024

Астро прогноза за сабота, 28 јануари

ОВЕН

Ако вашата врска е во ќорсокак, денес ќе имате можност да ја свртите за околу 180 степени, гарантираат ѕвездите. И велат дека на 28 јануари ќе можете многу успешно да го направите ова.

БИК

Ако партнерот сака да г помине денот со вас, не плашете се да ја вклучите во вашите задачи. На 28 јануари едноставно ќе ви треба сигурен асистент – а тој/таа одлично ќе се снајде во оваа улога.

БЛИЗНАЦИ

Резервирајте си бетонски аргумент за да останете дома на овој ден. Ѕвездите велат дека ви треба мир, во спротивно нервозата ќе ја истурате врз секој со кој ќе се сретнете, па многу нешта од глупост може да растурите денес.

РАК

Дури и ако партнерот е сигурен во нешто, на овој ден треба неколку пати да ги проверите информациите. Ѕвездите предупредуваат: ако се потпрете на него а работите сепак, не функционираат, вашата врска ќе трпи и ќе се истенчува.

ЛАВ

Ако партнерот одамна бара нешто од вас, на 28 јануари мора да му/и ја исполните желбата. Организирајте романтична вечера, разговарајте отворено, денес е вистинскиот ден за големи планови.

ДЕВИЦА

Доколку сте во потрага по партенр, на 28 јануари можете да освоите нечие срце, велат ѕвездите. Точно, за ова ви треба малку имагинација и доста самодоверба.

ВАГА

На овој ден ризикувате да се скарате со вашата сродна душа. А само од вас ќе зависи дали конфликтот ќе се случи, и со каква големина ќе биде – а можно е да порасне до неверојатна големина, велат ѕвездите.

СКОРПИЈА

Ако субјектот на вашите чувства сè уште не ви возвратил/а, на 28 јануари сè може да се промени. И тоа драстично. Ѕвездите ве советуваат да бидете подготвени за нови околности и неочекувано додворување.

СТРЕЛЕЦ

На овој ден може да бидете премногу чувствителни. За да одржите добри односи со вашата сродна душа ни и со блиските членови од семејството, подобро е да внимавате на зборовите или воопшто да не разговарате, велат ѕвездите. Денес може да повредите некого.

ЈАРЕЦ

Доколку долго време не сте отишле никаде со вашиот партнер/ка или не сте направиле нешто заедно, време е да ја пополните оваа празнина. Ѕвездите велат дека поминувањето време заедно на 28 јануари ќе ве зближи како никогаш досега.

ВОДОЛИЈА

На 28 јануари ќе слушнете интересна вест. Дури и ако ви се чини дека е неверојатно, подобро е да верувате дека вам ви се случува тоа и дека шансата треба да ја искористите. Ќе ви донесе одлични финансии во иднина.

РИБИ

На овој ден треба да бидете малку себични. Згора на тоа, врската нема да страда поради ова, велат ѕвездите. Така, ако планиравте да го израдувате, на пример, со подарок партнерот, подобро купете си нешто себеси. Ако планиравте да го посветите денот на семејството, уште подобро да си го посветите себе – закажете масажа, одете во спа, излезете со пријателите.

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....