13.8 C
Скопје
12:41 - 17 март, 2026

Уште на крајот на февруари ѝ се појавил мистериозен осип, лекарите дури сега сфатиле дека е коронавирус

Сара Черчил (36), мајка од Дорсет, Англија, била шокирана кога го забележала осипот на нозете.

Таа немала температура или упорна кашлица, па по анализите и прегледите на лекарите не им било јасно што се случува, така што се посомневале дека болниот осип би можело да биде знак на карцином во крвта или дури и на ХИВ. Но, медицинските тестови не покажале никаква болест и дури неколку месеци подоцна ѝ било соопштено дека таа имала коронавирус, пишува Дејли мејл.
Со месеци Сара се бори со мистериозниот осип и се обидува да дознае што го предизвикало тоа. Првите симптоми ги почувствувала на крајот на февруари – тоа биле забрзано чукање на срцето и останување без здив. Потоа осипот избувнал на рацете и на нозете.

Меѓу првите заразени во Англија

Во тоа време Англија имала само 15 регистрирани случаи на инфекција со коронавирус. Се покажало дека таа била една од првите заразени во земјата.

Исплашена дека ќе умре, Сара веќе почнала да бара некого да се грижи за нејзиниот деветгодишен син по нејзината смрт.

Нејзината агонија траела три месеци, сè додека конечно не ја открила причината за осипот – во прашање бил коронавирусот.

– Беше страшно. Сè уште не знам кои органи ми се оштетени поради коронавирусот. Затоа пишувам за ова, сакам да ги предупредувам луѓето дека симптомите можат да бидат различни – рекла Сара.

Осипите се клучна работа

Професорот Тим Спектор од Универзитетот Кинг колеџ во Лондон изјавил за осипите на кожата: „Обично е во комбинација (со други симптоми), но може да се појави во различни периоди – понекогаш и по другите симптоми. Може да се појави две недели по другите симптоми или две недели претходно. Тоа е пропуштено, затоа што ни јавноста ни лекарите не се свесни за тоа.“

Според професорот, осипите претходно биле документирани во раните случаи пријавени во Кина и во Европа, но досега не се објавени студии.

– Осипите се прикажуваат на многу необични начини – додал тој, опишувајќи дека тие се повеќе „претставени како алергиски осип“ или осип на лекови отколку егзема. Тоа е невообичаен осип кај луѓе што обично не добиваат осип. Ова е клучна работа. Може да трае само еден ден и да исчезне, така што луѓето треба да бидат многу внимателни.

Слични објави

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin

(Фото) Ивона Јо во проѕирен фустан, посекси не изгледала досега

msp-admin
Се вчитува....