8.8 C
Скопје
00:09 - 19 март, 2026

Разговор со доц. д-р Игор Алулоски: Организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка

На актуелната тема скрининг на рана детекција на рак на грло на матка, разговараме со доц. д-р Игор Алулоски од Клиника за гинекологија и акушерство. 

Веб платформата skrining.mk е директно поврзана со системот „Мој термин“ и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавените пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан прегледот. Фото – приватна архива

Ракот на грлото на матката е четврт најчест тип канцер кај жените во светски рамки, а во нашата држава во просек годишно заболуваат околу 150 жени од рак на грло на матка.  Со цел превенција, но истовремено и намалување на бројката, се започна со организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка.

– Skrining.mk е иновација која се воведе за да се зголеми опфатноста и да се стави во колосек скринингот за цервикалниот карцином. Замислата на веб порталот е да можат пациентките сами да се пријават наместо да чекаат да им стигне писмо за покана од страна на матичните гинеколози. Можат да се пријават со внесување на матичниот број во платформата и самата платформа точно ги лоцира и нивните матични гинеколози, оние кои ги имаат. Се работи и на решение за оние кои немаат матичен гинеколог, да се насочат во општината каде живеат и да можат да изберат гинеколог. Веб платформата е пријателски настроена, а постои и комплетно објаснување кадешто можат пациентките слободно да прочитаат сè во врска со ракот на грлото на матката, пап тестот, значењето и слично.

Веб платформата skrining.mk е директно поврзана со системот „Мој термин“ и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавените пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан прегледот.

– Негативниот пап тест значи дека таа пациентка нема потреба за нареден пап – тест скрининг за наредните 3 години, затоа се тие три возрасни категории. Со организиран скрининг оваа година се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест. Прегледот во рамки на овој скрининг за оваа возрасна група е бесплатен.

Целта е да се зголеми опфатот на жени кои ќе направат преглед, имајќи предвид дека раната детекција и превенција на ракот на грлото на матката е еднакво важна и во услови на пандемија.

– Ако појдеме од мислата дека подобро е да се спречи, отколку да се лечи, тоа апсолутно важи за ракот на грлото на матката, зашто претставува болест која многу лесно се детектира, со еден обичен гинеколошки преглед, со обичен пап тест може рано да се детектира. Поентата и целта на овие превентивни програми е да се детектира карциномот во неговата рана фаза на формирање, и познатите цин промени – објаснува д-р Алулоски.

Годишно од рак на грло на матка заболуваат повеќе од половина милион, а умираат 311.000 жени.

Ракот на грло на матка некогаш беше водечки причинител на смртност меѓу жените. Тоа се смени од кога пап тестот стана широко достапен. Овој тест се спроведува со цел откривање на евентуални предканцерогени промени во грлото на матката.

фото – приватна архива

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....