10.8 C
Скопје
02:05 - 31 март, 2025

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Кога станува збор за рефрактивна хирургија, Европската очна болница (European Eye Hospital), се смета за меѓународен референтен офталмолошки центар, благодарение на неговите иновативни технологии кои им овозможуваат на специјалистите целосно да ја персонализираат рефрактивната интервенција според морфологијата на окото и клиничките состојби на пациентите.

Рефрактивните ласерски интервенции се современи хируршки процедури кои користат ласерска технологија за корекција на рефрактивните проблеми на видот, како што се миопија (кратковидост), хиперметропија (далековидост), астигматизам и презбиопија. Овие процедури нудат трајно решение за многу пациенти, овозможувајќи им да ја елиминираат зависноста од очила или контактни леќи.

Придобивки од ласерската корекција на диоптријата

Ласерската корекција на диоптријата е популарна хируршка процедура која нуди бројни предности за пациентите:

Подобрен вид без помагала

• Најголема корист е ослободувањето од зависноста од очила или контактни леќи.
• Ласерската корекција може да обезбеди јасен вид, без никаква потреба за дополнителна оптика.

Брза и безболна процедура

• Интервенцијата трае околу 15 минути, со брзо време на опоравување. Сепак, потребно е време за оперативна подготовка и постоперативна процедура.
• Процедурата е целосно безболна, благодарение на локалната анестезија.

Долгорочни резултати

• Резултатите се трајни, а во најголемиот број случаи пациентите повеќе не се соочуваат со истите проблеми со видот.
• Пациентите се ослободуваат од секојдневното носење, чистење и грижа за контактни леќи или очила.
• Можност за уживање во спортски активности, патувања и други динамични ситуации без ограничувања.

Фото: Промо

Зголемена самодоверба

• Ослободувањето од очила често придонесува за подобра самодоверба кај многу луѓе.
• Пациентите можат слободно да го изберат својот стил без да се грижат за компатибилноста со очила.

Финансиски бенефити

• Во Европската очна болница интервенцијата има многу пристапна цена. Со текот на времето пак, по интервенцијата, може да заштедите пари кои инаку би ги потрошиле на очила, контактни леќи и слични помагала.

Приспособеност на интервенцијата

• Модерната технологија која се користи во Европската очна болница овозможува ласерската корекција да биде целосно персонализирана, земајќи ги предвид индивидуалните карактеристики на окото.

Врвни хирурзи

Покрај технологијата, искуството и вештините на хирургот играат клучна улога во успешноста на рефрактивната ласерска интервенција. Иако модерната технологија овозможува голема прецизност, способноста на хирургот да го процени, планира и изведе зафатот според индивидуалните потреби на пациентот е од суштинско значење. Искусен хирург може да направи детална проценка на состојбата на вашите очи и да утврди дали сте добар кандидат за интервенцијата, но обезбедува и професионална поддршка и грижа по интервенцијата, што е клучно за брзо и безбедно закрепнување. Дополнително, пациентите имаат поголема доверба во хирург со докажано искуство и успешни резултати, какви што се офталмохирурзите од Македонија и од Турција во Европската очна болница.

Експертскиот тим на Европската очна болница е тука за вас, закажете го вашиот третман или консултација на телефоните 02 20 50 999 / 070 309 126.

Комерцијален ПР текст

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Синдром на скршено срце

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Заштитете го вашето срце, направете коронарен стрес-тест

Еспресо

Клиника „Жан Митрев“: Вратите на Клиника „Жан Митрев“ се отворени за секој кому му е потребна медицинска помош

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Што е доплер на каротиди, за што се користи и кои се придобивките

Еспресо

Интервју со д-р Катерина Игневска, специјалист по микробиологија во Клиника „Жан Митрев“: Преку едукација и вежби до нулта толеранција за болнички инфекции

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Мамографија – кога и зошто е важна?

Еспресо
Се вчитува....