-0.2 C
Скопје
01:08 - 24 ноември, 2024

Како да го научите ВАШЕТО ДЕТЕ ДА ЈАДЕ ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ?

Сигурно веќе знаете за сите благодати од редовното јадење овошје и зеленчук, но вашето дете не сака ни да ги проба, а вие немате стратегија. Не очајувајте, бидејќи постојат неколку начини на кои можете да си помогнете

Прво не паничете, бидејќи вообичаено е децата да се нервозни – одбиваат одреден вид храна или добиваат соодветна разновидност во својата исхрана. Исто така, можеби вашето дете има „неофобија на храна“, односно тоа е назив за одбивање да проба нова храна. Добра работа е што ова е минлива состојба, како што расте детето. А, во меѓувреме, има неколку трикови со кои можете да му ги смените прехранбените навики.

Бидете упорни

Понекогаш децата треба неколкупати да ја видат и да ја запознаат новата храна пред да ја пробаат. Еден ден може да мразат одреден вид храна, а следниот ден да им се допадне, па затоа продолжете да воведувате нова храна. Ако вашето дете не сака моркови и не сака ни да ги проба, понудете му ги повторно по два-три дена. По 15-тиот пат, ќе ги проба.

Смирете се

Лоша идеја е сосила да ги терате децата да јадат одреден вид храна. Ако инсистирате дека нема да станат од стол додека не ја изедат храната, нема да постигнете ефект. Само смирено нудете разновидна храна и еден ден ќе проба. Исто така, внимавајте што зборувате пред него. Ако ве слушне како на пријателката ѝ велите дека е „специфично дете“ затоа што не сака ни да помириса одреден вид храна, детето тоа ќе го сфати како мотивација да продолжи со своите навики.

Направете ги овошјето и зеленчукот забавни

Децата ќе јадат зеленчук и овошје ако тие се поврзани со нешто забавно. Пробајте ги следниве идеи: исечете ги во смешни облици со помош на калапи за колачи. Играјте игра „виножито“ – предизвикајте го вашето дете колку пошарено овошје може да изеде во еден ден, запишете го резултатот и закачете го со магнет на фрижидерот. Украсете ги сендвичите со забавни лица и фигури од овошје и зеленчук. Подгответе здрав смути пијалак.

Секогаш имајте овошје и зеленчук во близина

Чинијата со свежо измиено овошје и зеленчук нека биде на лесно достапно место и кажете му на детето дека може да ги јаде кога и да посака. Секогаш имајте при рака сечкано овошје во фрижидерот за брз, лесен и здрав појадок. Ставете во чаша „грисини“ свежо исечен зеленчук за време на ручекот или вечерата – децата сакаат свеж морков, краставица, пиперка и брокула сервирани на овој начин. Исто така, можете со секое јадење и десерт да им сервирате овошје и зеленчук во кое било време.

Исфрлете ја штетната храна

Ако вашите деца се опкружени со слатки, торти, чипсови, нема да сакаат јадат здраво овошје и зеленчук. Не заборавајте дека вие сте главниот готвач и доколку престанете да купувате нездрава храна, децата ќе престанат да ја јадат. Вие бидете им пример на децата. Не очекувајте од нив дека ќе се хранат здраво ако вас ве гледаат како го правите спротивното.

Децата нека готват

Вашите деца ќе се забавуваат ако ви помагаат во сечкањето овошје за салата, а на крај ќе сакаат да ја пробаат. Дозволете им да изберат со кое овошје или зеленчук ќе подготвувате храна. Мотивирајте ги да бираат рецепти што содржат овошје и зеленчук од списанија или од готвач. Заедно одете на пазар и изберете што ќе купите. Ова сигурно ќе ја предизвика нивната желба да пробаат нова храна.

Слични објави

Познатата српска пејачка се пофали со богатството: Син ми на 5 години има стан во Дубаи, а мојот во Србија вреди 300.000 евра

Еспресо

Станија живее раскошно во Мајами: Старлетата се почестила со џип и луксузен стан, за кои потрошила 825.000 долари!

Еспресо

Неверојатна сума: Крунисувањето на кралот Чарлс Трети чинело повеќе од 70 милиони фунти!

Еспресо

(Фото) Хрватскиот актер ужива во друштвото на поранешната девојка на Леонардо Дикаприо

Еспресо

(Фото+видео) Александра Пријовиќ ги прошета „пантерите“ од 50.000 евра! Пејачката на славата кај Брена и Боба носи луксузен накит од „Картие“

Еспресо

Хороскоп за 23 ноември: Скорпиите ќе добијат неочекувани пари, Близнаците ќе имаат ситни проблеми со партнерот

Еспресо
Се вчитува....