5.8 C
Скопје
22:17 - 16 март, 2026

Жизел Бундшен се породи! Манекенката и нејзиниот 9 години помлад дечко го добија првото дете

Жизел Бундшен се породи! На 44 години го доби првото дете со својот 9 години помлад дечко Хоаким Валенте.

Според „ТМЗ“, на мајката и на бебето им оди добро. Сè уште не е познато кога среќната двојка го дочекала детето, но изворите за медиумите тврдат дека тоа било неодамна, а не е откриен ниту полот.

Веста дека Жизел е бремена на 44 години привлече големо внимание, а папараците неуморно ја следеа во текот на целата бременост. Како што претходно беше објавено, Жизел ги испланирала деталите за породувањето, а според пишувањата на медиумите сè поминало без проблеми.

Инаку, Жизел има две деца од бракот со Том Брејди, а веста за нивниот развод одекна насекаде. Многумина ја осудија Бразилката за врската со девет години помладиот инструктор за џиу-џицу, а имаше и такви кои го критикуваа фактот дека таа е бремена во петтата деценија.

Манекенката одлично се справуваше со сите коментари таа беше една од најактивните трудници во текот на бременоста, а многумина ја нарекуваа и најубава. Често имавме можност да ја видиме како тренира, но и како ужива на плажа со нејзиниот избраник.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....