21:03 - 7 април, 2026

Жељко Шашиќ откри каков однос има со ќерката Софија: „Не се гледаме често затоа што…“

Пејачот Жељко Шашиќ има ќерка Софија од бракот со Соња Вуксановиќ. Иако во минатото нивниот однос не бил најдобар, денес тој со гордост вели дека Софија е воспитано и вредно дете.

„Софија е големо дете, многу културна, вредна и воспитана. Толку многу работи што и не се гледаме“, изјави Шашиќ за ТВ Адриа“.

Тој призна дека порано му било жал што нема повеќе наследници, но денес гледа поинаку:
„Кога бев помлад, ми беше жал. Сега, кога ќе видам колку е сето тоа околу децата комплицирано, сè помалку ми е жал. Имам многу деца околу мене – од роднините, од бебиња до деца од десет години и со задоволство поминувам време со нив. Им раскажувам приказни, ги забавувам додека можам“, раскажува пејачот.

За ќерката додава дека многу работи наследила од него:
„Софија се роди кон крајот на 1999 година. Соња беше млада мајка, јас имав триесет години. Бев неуморен татко, ништо не ми беше тешко и буквално 24 часа се занимавав со неа. Мислам дека и денес, колку е активна, тоа го носи од тој период. Јас порано бев човек кој дома доаѓаше само да преспие, а сега сум семеен тип. Се надевам дека и таа ќе се смири, бидејќи постојано е во трка со времето, а ако ја побараш или е некаде или мора некаде да оди. Тогаш си велам таа е цела на мене“, вели Шашиќ за „Гранд“.

Слични објави

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо
Се вчитува....