10:03 - 8 април, 2026

(Видео) „За мене е мртов по тој нервен слом“: Милица Тодоровиќ сними брутална порака по раскинувањето

Пејачката Милица Тодоровиќ неодамна се најде во центарот на медиумското внимание кога беше уапсен хрватскиот бизнисмен Марио, со кој до неодамна беше во љубовна врска и се свршија.

Откако малку се смирија страстите, Милица Тодоровиќ на Тикток се снимаше со гласот на учесничката во реално шоу Миљана Кулиќ, а како што може да се прочита во коментарите, нејзините зборови јасно се однесуваат на хрватскиот поранешен вереник.

– Тој е мртов за мене од вторникот по тој нервен слом. И сè најдобро на покојниот – се слуша гласот на Миљана, додека Милица ја имитира низ целото снимање.

– Леле, каква порака за Марио! Кој разбра, разбра! Така е, Мицо, браво. Ќе најдеш некој поубав и подобар, ова се само дел од коментарите на Тикток под ова видео.

Милица Тодоровиќ, за потсетување, иако не ги демантираше информациите откако се појавија дека е во врска со споменатиот бизнисмен, пред неколку дена се огради од Марио кој беше уапсен во нејзиното соседство, а за нивната блискост сведочат фотографиите и снимките кои неодамна ги направи „Папарацо лов“.

– Драги мои луѓе, добар ден. Како што можете да видите, не сакав да зборувам во првите 24 часа, но кога видов колку далеку отиде, морав да се изјаснам. Сакам да кажам дека немам никаква врска со овој настан, бидејќи веќе некое време не сум во романтична врска. Жал ми е, но така е. Се случуваат добри и лоши работи, што да правиме, таков е животот. Ајде да продолжиме, насмевни се“, рече таа и пушти бакнеж до камерата.

@milicatodorovicofficialMiksi 🥰♬ original sound – ☠️ʙᴀʟᴋᴀɴꜱᴋɪ ʙɪꜱᴇʀ☠️

Слични објави

(Видео) Ивона Јо: Ми отсранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.
Се вчитува....