00:42 - 8 април, 2026

(Видео) Осамна шокантно видео: Бака Прасе ги изиграл соработниците за пари, па сега го враќа долгот

бака прасе

Српскиот јутјубер е познат по разновидните содржини што ѝ ги пласира на својата публика. Сега на социјалната мрежа Тик-ток се појави видео кое веднаш крена огромна прашина, но сè уште не е јасно дали се работи за наместена снимка или за вистинска.

На социјалната мрежа Тик-ток е објавено шокантно видео на кое се гледа како Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, седи во друштво на непознати мажи.

Во текот на разговорот, еден од нив му приговорил дека дал 30, а не 40 отсто од договорената цифра.

Богдан цело време му се извинува, а потоа му вади пари од чантата и го додава она што „останал должен“.

– Ми велат, брат, дека не си го испочитувал договорот… – зборува извесен маж со тетоважи, кој бил заматен на видеото.

– Како не, брат, се договоривме за 30 отсто – му одговора Бака.

– Дали сум јас мајмун? – вели извесен маж.

– Му донесов пари – рекол Бака, а потоа во еден момент се фатил за глава.

Цело време не е јасно за што Богдан наводно ги дава парите, како и дали се работи за наместена снимка или вистинска, ниту колку е стара снимката.

Илиќ е познат како некој кој привлекува огромно внимание со шокантниот материјал кој го прави и снима, па не е чудно ако ова е само уште една ваква снимка и негова идеја да привлече внимание, меѓутоа, тој се уште не се огласил по повод снимката.

„Овој тип демек тајно снима, а кај нив има микрофони да се слушне што зборуваат. Секој што ќе поверува во ова е верверица”, е коментарот на ова видео кој привлече најмногу лајкови.

@klinavc0

#fyp #bakaprase #foryou

♬ original sound – keham

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....