04:55 - 8 април, 2026

(Видео) Милица Павловиќ направи спектакл во Скопје: Со Елена Ристеска го испеаја евровизискиот хит „Нинанајна“

Милица Павловиќ во петокот вечерта ја запали атмосферата во македонската арена „Јане Сандански“ со одржувањето на својот прв солистички концерт во Скопје.

Пејачката направи вистински спектакл во македонската метропола за „Денот на вљубените“.

Милица се пресоблекувала неколкупати, а енергијата е она што ја прави посебна и ја издвојува од другите, што ниту овој пат во Скопје не изостана.

Сепак, овациите и врескањето на публиката ги предизвикала кога се појавила во црн фустан со топ и ја отпеала песната „Јовано, Јованке“. На сцената ѝ се придружиле саксофонистот Гоце Јанкулов и  Игор Тегов и Јане Крстев на тапаните.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


Традиционалниот македонски инструмент тапан, без кој не може да се замисли речиси ниту една традиционална македонска веселба, особено свадби, ги изненади сите присутни во салата.

Сепак, посебен момент за сите бил кога Милица се качила на овој музички инструмент со вртоглаво високи потпетици, што публиката го поздрави со силно викање.

 

@macedonian_girl_19 #milicapavlovic #live #arenajanesandanski #skopje #makedonija #makedonijatiktok #balkan #balkantiktok #foryou #goviral #europe #fyp #explore #foryoupage #music #serbia ♬ original sound – ☆MACEDONIAN GIRL☆


Атмосферата на концертот ја вжештиле нејзините гости Цоби со кој Милица ја отпеала нивната заедничка песна „Илегала“ и македонската ѕвезда Елена Ристеска која со Милица го испеале евровизискиот хит „Нинанајна“.

Милица Павловиќ покрај големата енергија, воодушеви и со својот стајлинг, како што е костимот со циркони со кој носеше златна наметка, но и онаа со розово здолниште и жолта ѕвезда над торзото.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....