4.8 C
Скопје
01:06 - 17 март, 2026

(Видео) Меси отиде во ресторан во Аргентина: Погледнете каков хаос се случи, едвај извлекол жива глава

Откако на Аргентина и ја донесе светската титула, Лионел Меси во својата татковина не може да ја напушти куќата без да биде опкружен со фанатични навивачи.

Тоа се покажа и синоќа во Буенос Аирес.

Меси дојде во главниот град на репрезентативен собир пред пријателските натпревари против Панама и Бразил. Секако, доаѓањето на херојот на нацијата направи шоу во главниот град на Аргентина.

Меси отишол во ресторан, а тоа го направил без помпа и придружба, обидувајќи се да биде незабележлив. Меѓутоа, кога сте толку позната личност, нема шанси да не ве препознаат фановите на улица. Така всушност започнал хаосот.

Меси истрчал, но не успеал да побегне од овие најпосветени навивачи. Обожавателите го виделе каде влегува и го чекале дури два часа пред ресторанот, пеејќи и скандирајќи во негова пофалба.

За тоа време ниту во ресторанот ништо не било поинаку. Кога сфатиле кој влегол, гостите и работниците во ресторанот почнале да врескаат и постојано да го сликаат легендарниот Аргентинец. Тој пак се смеел и им мавтал, но набрзо повеќе не му се смеело – кога видел каков хаос го чека надвор.

Улиците околу ресторанот биле преполни со илјадници негови обожаватели, кои трчале кон него додека тој го напуштал ресторанот.

За среќа, го спасиле неколку полицајци, кои успеале да го извлечкаат некако до неговиот автомобил, бидејќи биле свесни колку може да ескалира ситуацијата доколку не превземат нешто.

 

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....