08:25 - 8 април, 2026

(Видео) Ферхунде на Игор Џамбазов направи хаос во населбата Козле: „Гледајте ја ѕвездата од Дојран…“

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов е познат по својата љубов кон животните. Веќе е познато дека Игор вдоми куче, кое го крсти Ферхунде Граникова, која подоцна стана Џамбазова.

Јавноста многу добро ја познава Ферхунде, таа е речиси на сите објави кои Џамбазов ги споделува на својот инстаграм-профил. Сега, актерот сподели видео со кое слатко ги насмеа неговите обожаватели.

Имено, Игор се пожали како го пречекала Ферхунде во нивниот дом. На почетотокот на видеото тој го спомнува Бошко, неговото познато куче, а потоа може да се забележат расфрлани и искинати работи низ собата во која Ферхунде ужива, лежејќи си на креветот.

„Еее, ова беше куче – Бошко Џамбазов, ѕвезда. А, види ова, гледајте ова, гледајте ја ѕвездата од Дојран. Покондирена скопјанка. Хаос во населбата Козле, хаос…“, вели Игор додека го снимал хаосот во неговиот дом.

Видеото предизвика многу позитивни реакции и коментари кај следбениците на Игор и сите застанаа во одбрана на Ферхунде.

„Не ми ја чепкај Ферхунде“; „Си ја оставил сама дома, лута ти е“; „Ферхунде, нешто нервозна или лута ти била“, беа дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Слични објави

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо
Се вчитува....