22:07 - 8 април, 2026

Веќе се договараат новогодишните забави, еве каде Дино Мерлин ќе пее за Нова година…

Легендарниот музичар ќе биде ѕвезда на Зимскиот фестивал во Дубровник. За најлудата ноќ, Страдун ќе стане најголемата сцена на отворено во Далмација.

Иако штотуку влеговме во есен, подготовките за новогодишната прослава се веќе во полн ек. Организаторите низ целиот регион ги резервираат најголемите музички ѕвезди, а меѓу нив е и Дино Мерлин, чии концерти традиционално привлекуваат илјадници обожаватели. Оваа година, еден од најпопуларните изведувачи од ова подрачје ќе ја дочека 2026 година во Дубровник, каде што ќе создаде незаборавна атмосфера со своите хитови под ведрото небо на Страдун.

Страдун, еден од најпознатите отворени плоштади во Европа, ќе се претвори во голема сцена под ѕвездите. Со безвременските хитови на Мерлин, жителите на Дубровник и нивните гости можат да очекуваат атмосфера што ќе се памети цел живот.

Пред Мерлин, фестивалот ќе го отвори концертот на Дорис Драговиќ на 29 ноември, додека во текот на декември публиката ќе ја забавуваат и Вана, „Парни ваљак“, Дражен Зечиќ, Ѓани Стипаничев со бендот „Рагусавеки“ и „Море“, како и Жељко Бебек.

Програмата нема да биде резервирана само за возрасни – за најмладите жители на Дубровник и нивните семејства се подготвува традиционална детска новогодишна ноќ со Жак Худек, а првите денови од 2026 година ќе бидат одбележани со концерт на Петар Грашо и Томислав Бралиќ и клапата „Интрејд“.

 

Слични објави

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо

Синот на Халид Бешлиќ по повод шест месеци од неговата смрт: „Секој ден очекувам да ми се јавиш“

Еспресо
Се вчитува....