0.8 C
Скопје
06:02 - 15 март, 2026

Тања Савиќ искрено за најболната тема во животот: Мојот поранешен сопруг не сака контакт со нашите синови…

По драмата што пред неколку години ја доживеа Тања Савиќ со поранешниот сопруг, кога без нејзино знаење ги однесе нејзините деца во Австралија, српската пејачка сега живее мирен живот со синовите, со поддршка од новиот партнер Мухамед Бешиќ Муки. Сега, таа во интервју открива во каков однос се децата со нивниот татко.

– Во него секако гледаат поддршка, мило ми е поради тоа. Тој дојде во нивните животи во вистински момент. Баш како што сакав да биде, така испадна сето тоа на крајот. Некои се обидоа да ми се мешаат во врската, да ме посоветуваат дека не е добро да се појави нов маж во животот на децата, дека не е добро за нивниот развој. Се слушав себеси во таа ситуација и навистина не згрешив. На сите им советувам дека, ако размислуваат што ќе направат ако најдат нов партнер, не е лесно, но слушајте се. Вашите деца ќе реагираат како што сте ги поставиле, сè ќе биде добро на крајот, ако поставите добра основа – објаснила Тања во емисијата „Премиера викенд специјал“.

Таа се присети на сите празници кои не можела да ги помине со децата, туку сама, поради расправии со поранешниот сопруг.

-Се трудам да надокнадам секој ден, жал ми е што се случи. И денес кога се разбудив реков: „Боже, фала, моите деца се со мене“, штом се разбудив истрчав во нивните соби, ги прегрнав и се гушкав со нив. Многу ми недостигаа“ – изјавила пејачката.

Тања откри дека таткото на нејзините синови ретко има контакт со нив, а ги контактира само кога сака да се пофали со некоја вест во животот.

– Тој е без контакт. Мислам дека не сака да има премногу контакти, освен ако не купи нова кола и не ја покаже… Мислам дека тоа е единствената причина што им праќа пораки. Свесни се за сè, сега се малку повозрасни, можат и самите да читаат луѓе, не само кога се работи за нивниот татко. Толку многу поминаа и преживеаја во нивниот краток живот, сигурна сум дека сега знаат многу добро да ги читаат луѓето– искрено одговорила Тања.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....