8.8 C
Скопје
09:41 - 17 март, 2026

(Фото) Српската пејачка мета на интернет измама: „Вака ѝ ги зедоа парите од сметка на Беквалац“

Српската пејачка Марија Микиќ ги изненади сите со неодамнешна објава во која откри како речиси станала жртва на измама.

Таа добила порака од непознат број во која ја известувале дека месечната претплата за „Нетфлик“ каде гледа филмови не е одобрено. Пејачката споделила порака со сите каде што било наведен и линкот каде што ја упатуваат да изврши плаќање за да гледа филмови преку оваа апликација без прекин.

Сепак, Микиќ тврди дека станува збор за интернет измама во која Кристина Беквалац, сестрата на пејачката Наташа Беквалац, наседнала пред неколку дена.

– Видов пред некој ден кај Кристина Беквалац дека на овој начин ѝ ги зеле сите пари од картичката. Сега и јас добив порака. Таа ме спаси, а можеби и јас ќе спасам некој друг. Не кликајте на овој линк – апелираше таа.

Да ве потсетиме дека Марија неодамна имала операција на гласните жици во Турција, при што биле отстранети три цисти.

Слични објави

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin

(Фото) Ивона Јо во проѕирен фустан, посекси не изгледала досега

msp-admin

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 март: Бидете трпеливи, успехот допрва доаѓа

apostolova

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.
Се вчитува....